marketing@inspiracija.mk

Направете си плакар под креветот

Направете си плакар под креветот

| Оков, Спална

Во големите земји каде се почесто се практикува живот во мал простор се јави нов тренд. Всушност, станува збор за едно креативно решение со кое се заштедува на просторот со интеграција на креветот и плакарот во едно. 

Овој тип на кревет/плакар сеуште неможе да се најде во продажните салони за мебел. Сите кои ќе се одлучат за кревет со интегриран плакар, можат тоа да го направат по мерка, во согласност со нивните потреби. Така, корисникот сам одлучува за  висината на елементот, бројот и длабочината на полиците, оклагиите и се што смета дека ќе му биде неопходно.

Што се Ви е потребно за овој систем ?

  1. Плочест материјал по желба ( истиот може да биде изработен од иверка, медијапан, шпер плоча, па дури и од работна плоча )
  2. Механизам за подигнување на кревет
  3. Системи за спојување
  4. Лизгачи за полиците ( ги препорачуваме за поголема прегледност) 
  5. Оклагија ( или повеќе по потреба )
  6. Шарки за вратичката 
  7. Рачки ( доколку имате дополнителен елемент со фиоки )

Лизгачки плакар под креветот

Поедноставна верзија за изработка на плакар под креветот е употребата на лизгачки систем како вратичка. Овој вид на кревет/плакар е соодветен за детска соба и веруваме дека децата го обожаваат.

Што се Ви е потребно за овој систем ?

  1. Плочест материјал по желба ( истиот може да биде изработен од иверка, медијапан, шпер плоча, па дури и од работна плоча )
  2. Механизам за подигнување на кревет
  3. Системи за спојување
  4. Лизгачи за полиците ( ги препорачуваме за поголема прегледност) 
  5. Гардеробна галантерија ( за организација и заштеда на просторот)
  6. Систем за лизгачки врати
  7. Ограда за кревет ( се препорачува за безбедност на децата )

Потребниот оков за кревет/плакар системите може да го најдете во салонот на Новомак или на нашата online продавница shop.novomak.mk

Совети

Share this post: