marketing@inspiracija.mk

Саем за мебел

detski-racki

Саемот на мебел е една од најатрактивните и најпосетените саемски манифестации, кој традиционално е посетен од околу 50.000 посетители. Учество на саемот заземаа најголемите производители и трговци на мебел од земјата и регионот, при што посетителите имаа можност да ја видат понудата на најновите дизајни на мебел и репроматеријали за сечиј вкус.

На овогодинешното  44тото издание на Саемот за мебел 2018 посетителите преку дружба имаа можност да се запознаат со новите брендови и продукти, како и нивната примена. За прв пат во Македонија на штандот на Новомак имавме можност да видиме уникатно дизајнирани рачки, паметни механизми за висечки елементи и многу други новитети кои несомнено ни помогнат да ги однесеме нашите проекти на повисоко ниво.

racki
prakticna-polica
kujnska-lajsna

Покрај изложените новитети, на саемот можевме да забележиме и едукативни катчиња каде што клиентите се информираа и едуцираа за она што е ново на пазарот, и кои се ноговите бенефити.

Такви катчиња беа креативното катче на Hraniclean 08 и работилницата на Spax.

cisti-se
sraf-za-drvo