marketing@inspiracija.mk

Uncategorized

Како полесно до hygge ?

by instanovomak |November 13, 2019 |0 Comments | Uncategorized

Што е hygge – хиге ?

 Хиге е благосостојба која се поврзува со Данскиот начин на живот. Долго време се истражувало што е тоа што ги прави луѓето во Данска најспокојни и покрај лошите временски услови и високите даноци. 

Институтот за среќа, чие седиште е токму во Данска доаѓа до заклучок дека главната причина за хиге е светлината. Секој простор во Данска е внимателно осветлен со нежни тонови на светлина. И, според нив токму таа светлина ( која не смее да е со висок интензитет ) придонесува луѓето да можат да се опуштат и да влезат во хиге.

Како до хиге ?

Лесно. Исполнете го просторот без оглед дали е тоа Вашиот дом или Вашата канцеларија со смирувачка светлина. Поставете лед профили секаде каде што поминувате подолго време. Во кујната, во дневната, во спалната. 

Поставете ги и во гардероберот. Најголем стрест доживуваме кога во брзање треба да избереме парче облека. И, токму лед профилот може да има смирувачко дејство кое ќе не внесе во хиге и ќе ни го олесни денот.

Вреди да се проба.

Vagonetka blum

Решение за максимално искористување на просторот во кујната.

by instanovomak |August 26, 2019 |0 Comments | Uncategorized

Blum ни нуди идеално решение за тесни елементи со дијагонално поставени лизгачи, при што се задржува стабилноста и квалитетот на движење, на отворање и затворање на елементот. Оваа вагонетка овозможува уредно и прегледно чување на зачини, шишиња, даски за сецкање и слично.

Докажан квалитет на движење

Квалитетот на движење на лизгачите е истакнат токму во вагонетката на Blum. Со мала сила на отворање, лесно и синхронизирано движење и меко и тивко затворање Blumotion, се гарантира врвно движење и подобрена употреба за корисниците. Целосното извлекување овозможува лесен пристап  до сите продукти.

Карактеристики:

  • Стабилно решение благодарејќи на дијагоналното поставување на лизгачите.
  • Лесно и тивко отворање и затворање благодарение на Blumotion.
  • Капацитет на лизгач од 20kg.
  • За ширина на елемент од 200mm.
  • Должина 450mm и 500mm.
  • Достапни бои со Legrabox лизгачи: антрацит, бела, црна и инокс.
  • Достапни бои со Tandembox Antaro лизгачи: бела, црна и сива.

Halifax – колекција која нема конкуренција

by instanovomak |July 30, 2019 |0 Comments | Uncategorized


H1180 ST37

H1180 37 – Halifax најчесто се користи во кујната и за мебелот во дневната соба каде со своите видливи пукнатини и чворови ја доловува автентичноста на природното дрво во стамбениот простор. Овој декор одлично изгледа во комбинација со модерни материјали како металот, стаклото и каменот. 

Овој декор е достапен како оплеменета иверка, работна плоча, но и како HPL ламинат. Линеарниот дрвен декор одлично изгледа и на XL формат, кој дозволува да се користи на големи површини без преклопување на дезенот. 

Она што ја прави оваа колекција толку посебна се нејзините карактеристични длабоки годови. Всушност декорите од Halifax колекцијата имаат 20% подлабока год од другите дрвени декори. Со тоа Egger ја доловува автентичноста на дрвото. 

За ова да се постигне се користи еден ламинат повеќе што ги прави овие декори поотпорни на гребење и на топлина. 

Модерена библиотека за дневен простор.

by instanovomak |June 22, 2019 |0 Comments | Uncategorized, Дневна, Плочест

При уредување на својата домашна библиотека повеќето од луѓето се сведуваат тој простор да им даде чувство на уникатност, добар вкус и статус на сопственикот. Затоа полиците не ги полнете само со книги, туку оставете простор и за вашите драгоцени предмети.

saem2

Секое парче мебел има свој карактер – Голема припрема за најголемиот саем за мебел

by instanovomak |May 20, 2019 |0 Comments | Uncategorized

Како големите брендови го одбројуваат започнувањето на најголемиот саем за мебел ? 

Бидете во тек и следете ги сите големи случувања во живо.

Решение за секоја модерна кујна

by instanovomak |May 11, 2019 |0 Comments | Uncategorized

Кутија за кујнски приклучок BACHMANN

Речиси секое модерно домаќинство одлучува да користисти плоча за готвење и рерна како засебни апарати. Во тој случај нивната инсталација е малце покомплицирана. Но, тоа не треба да Ве спречи во идеата за модерна кујна.

Новомак Ви нуди приклучок кој служи како дистрибутер на електрична енергија за посебно инсталирани кујнски апарати. Негова цел е да ги снабди со енергија централно од постојниот приклучок.

Овој приклучок на Bachmann е достапен е во четири различни верзии на кабелот за напојување и на тој начин овозможува флексибилна употреба во зависност од ситуацијата во соодветната кујна.

Нема потреба да се инсталираат дополнителни приклучоци, со што заштедувате време и пари при инсталирање кујнски апарати.

Нема потреба од дополнителни приклучоци.

Сигурносни Wago терминали.

Лесна и Ниска монтажа.

Погоден за индустриски шпорет.

Дистрибутивна кутија според VDE.

Модерни класици

by instanovomak |May 9, 2019 |0 Comments | Uncategorized

Класични, но модерни. Декори кои благодарение на новите структури ја доловуваат репликата на дрвото и оставаат гламурозен впечаток.

Природните елементи на овие декори се доста изразени, а самата јачина на бојата дозволува нивна разновидна комбинација со уни декори.

Овие декори на оплеменети иверки и работни плочи, вариираат во својата боја. Па така Ви се овозможува да изберете темен или светол даб со цел полесно да ја постигнете посакуваната цел. 

Резултат со слика за egger h3133 st12
Поврзана слика
tablet

Дали си ти нашиот нов член ?

by instanovomak |May 6, 2019 |0 Comments | Uncategorized

МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Квалификации:

  • Припрема на постови SMO
  • Познавање на SEO и SEM,
  • Солидно познавање и искуство во Adobe пакетот (Photoshop, Illustrator, InDesign)
  • Основно познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel)
  • Пожелно искуство од 2 години 
  • Предности:
  • Креативност, посветеност, лојалност и одговорност,
  • Желба за работа во средина со високи барања,
  • Добри комуникациски способности,
  • Флексибилност/адаптибилност,
  • Тимско работење и кооперативност,
  • Ефективност и ефикасност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.

Своето CV (со слика) и портфолио доставете го на e-mail: jobs@novomak.mk со назнака “Маркетинг асистент”.

Непотполни документи нема да бидат разгледувани!

HPL ламинат – за ултра модерен изглед

by instanovomak |May 4, 2019 |0 Comments | Uncategorized

HPL ламинатот е направен од хартија и полимер на начин кој поминува низ процесот на импрегнирање, а потоа се обработува под висок притисок и топлина.

HPL-от има извонредни квалитативни својства, и затоа наоѓа одлична примена во производството на мебел и внатрешно уредување.

HPL површините се екстремно отпорни на абење, надворешни оштетувања и гребаници. Исто така се отпорни и на светлина. Освен тоа, овие површини се отпорни на сите вообичаени хемикалии за домаќинствата, запалени цигари или топли тавчиња.

HPL ламинатите се најчесто со дебелина од 0,8 до 1 милиметар и се погодна за поврзување со сите плочести материјали. Достапноста на бои и декори е навистина голема и можат да се вклопат во секој проект.

Погодни се за одлоги на работни површини како што се кујнски работни површини, рецепција, обложување на заоблени елементи ( шанкови, пултови, ѕидови ).

Се повеќе хотели ги користат HPL-те како идеален материјал за сите нивни простори каде што има поголема френквенција и интензивна експлоатација на намештајот, како и искористувајќи го истиот декор за обложување на ѕидови, намештај, врати и сл.

Сите Egger-ви декори на оплеменета иверка се достапни по нарачка и како HPL фолија, при што минималната количина за нарачка е 1 фолија.

Фолиите се достапни во достапни во големини од XS до XL. 

За подетални информации контактирајте ги вработените во Новомак.

Комбинација плус зашто мебел по мерка ?

by instanovomak |May 3, 2019 |0 Comments | Uncategorized

🔥 Антрацит супер мат медијапан и дрвен декор оплеменета иверка. 
☑ Комбинација плус зашто мебелот по мерка е вистинскиот избор за Вашиот простор.

Она што е посебно интересно кај новите медијапани со мат декори на Egger  е нивната карактеристика – fingerfree. Најчеста причина зашто се избегнуваат мат декорите е токму тоа што се малце потешки за одржување.

Но, не и кај овие декори. PerfectSence колекцијата не е осетлива на допир и не е подложна на остатоци од прсти. Така истите се супер погодни да се користат за големи површини и вратички без рачки.

Проверете кои се новите супер мат медијапани на Egger во салонот на Новомак и започнете со реализација на Вашиот замислен проект.