Со својот изглед елегантни, при допир мазни и максимално издржливи, гранитните садопери едноставно привлекуваат и се гаранција за убав изглед и друга димензија во кујната.

При изборот на садопер важно да се знае колку е голема отпорноста на гребнатини, на притисок, на топлина… Kолку лесно се одржува? Отпорноста на гребнатини кај гранитните садопери е висока, а тоа се гледа и од тест при кој после гребење со остри предмети површината останува идентична.

Висока е и отпорноста на топлина. Овие садопери можат да издржат и загревање до 100 степени целзиусови, но не само тоа. Можат да издржат и огромна промена од минусни температури до +100 степени. Притоа нема никаква промена, ниту некаква реакција.

Овие садопери имаат мазна „непорозна“ површина која овозможува лесно чистење, а истото може да се види и од уште еден тест. При нанесување на различни производи кои оставаат флеки, кај гранитните садопери истите ги снемува откако ќе бидат поминати само со навлажнето сунѓерче, што е доказ дека гранитот не ја впива бојата или маснотијата. Покрај тоа можат да издржат и висок притисок и тежина и дури и пад на тег од десет килограми од висина поголема од еден метар.

Овој тип на садопер нуди речиси неограничени можности во однос на различните облици, големина и нијанси на бои. Направен е за софистицираните кујни, а материјалот е достапен во многу класични бои и може да се вклопи во кој било дизајн. Во својот состав имаат сребрени јои со што се елиминираат бактериите до 99%.

Во понудата на Новомак може да се најдат неколку варијанти на гранитни садопери и истите можете да ги погледнете во салонот, како и на интернет страната.