Додатоци за организација во кујна I Инспирација

Перфектната организација во кујната никогаш не била полесна. Овие модерни додатоци Ви нудат ефективно и модерно решение за складирање на чашите, шишињата и зачините. Изработени се од висококвалитетен хромиран челик кој е гаранција за издржливост и долготрајност. Имаат лесна монтажа со што се заштедува време.

Практични полици изработени од бела пластика за организација на елементи во кујна и бања. Одлични се за скалдирање и организирање на шишињата со зачини во кујната и на средствата за хигиена во бањата.

polica za vo element
polica za vo element

Практична закачалка на извлекување за крпи за во кујна или бања достапна во сива и бела боја. Има 2 закачлки за крпи кои се телескопски и може да ротираат до 90 степени во зависност од неговата монтажа која може да биде на страницата од елементот или под работната површина.

drzac za krpi
drzac za krpi

Држачот за чаши овозможува организација и оптимизирање на просторот во елементите. Може да се монтира во елемент, на полици или под плотна. Се користи за чаши со постоље за вино, коктели, коњак итн. 

drzac za casi
drzac
drzac za casi

Држачот за шишиња е идеално за монтажа под висечките елементи, под полици или за на шанк во баровите и кафичите. Практично решение за организација на Вашите омилени пијалоци притоа се користи максимално просторот под висечките елементи. Постојат 2 типа на држачи за шишињасо капацитет од 2 шишиња и со капацитет од 6 шишиња. 

drzac za sisinja
drzac za sisinja

Закачалката за во кујна е идеална за закачување на прибор, филџани или крпи. Овозможува организација и оптимално искористен простор. Достапен во 2 варијантиединечен со 5 закачалки и двоен со 8 закачалки. 

zakacalka
zakacalka