Без разлика каде се чува виното, дома или не, условите секаде мора да бидат исти ако сакаме да го зачуваме виното за подолг период. Откако ќе се затвори шишето со вино со тапа од плута, наша работа е да го заштитеме од најголемиот непријател на виното, тоа е кислородот. Не смееме да дозволиме тапата да се исуши, бидејќи таа се собира и повеќе не делува херметички, па така кислородот може слободно да навлезе и да дојде во контакт со виното.

Што препорачуваат енолозите ?

За таа цел, најдобро е да се чува хоризонтално, со тоа што тапата ќе ја одржи својата влажност со помош на виното . Додека, за шишињата со вино кои се затворени со пластични или алуминиумски затварачи овој традиционален начин не важи. Познато е дека доброто вино созрева побавно и затоа мора да му ја обезбедиме идеалната температура, помеѓу 15-20 °C, бидејќи таа има најголемо влијание за тоа.

Ако температурата е премногу висока, процесот ќе се забрза и виното ќе има помалку време да ја развие својата структура и букет, може да дојде и до расипување на вкусот и изедначување на аромата. Кога станува збор за стабилноста на средината каде се чува виното, колку е важна температурата, исто толку е и влажноста на воздухот и светлината. – Иванка Рангеловкса дипломиран инжинер агроном и Магистер на биотехнички науки, од областа на Енологија.

Доброто вино несомнено заслужува свое катче, идеална температура влажност и светлина.


Често пати љубителите на вино изнајмуваат простории во винарии со цел да ги обезбедат идеалните услови за чување на виното.
Доколку се препознавате, при планирање на новата кујна направете место за фрижидер чија намена е да го сочува виното.


Фрижидерот за вино Ви овозможува постојана температура, влажност и светлина и со тоа се избегнуваат температурните оксидации кои му пречат на виното.


Има две температурни зони за бело и црвено вино и му овозможува на виното  правилна поставеност при која тапата нема да се исуши и се избегнува оксидација на виното.
Со поставување на фрижидерот, виното секогаш ќе Ви биде на дофат без да ризикувате истото да го изгуби својот квалитет.
Доколку пак, чувате помала количина вино или сте ограничени со просторот Ви препорачуваме да обезбедите мал простор кој ќе придонесе во естетиката на кујната и ќе му овозможи хоризонтално мирување на виното.

Teka фрижидер за вино