Како да го одберете садоперот Box центар Franke I Инспирација

Изборот на садоперот е една од најважните работи кога ја планирате Вашата нова кујна. Истражувањата покажуваат дека 60% од нашето време го поминуваме во кујната. Затоа Ви нудиме помош како да го изберете правиот садопер кои ќе одговара на Вашите потреби. Сите достапни модели можете да ги погледнете на следниот линк.

1. Одберете која димензија ќе биде елементот на садоперот

елемент на садопер

Важна работа при избор на садопер е да се одреди ширината на елементот во кој ќе биде поставен.

  • Стандардни димензии на елемент во кои се поставува садопер се 300mm, 400mm, 450mm, 500mm, 600mm, 800mm и 900mm.
  • Измерете ја надворешната димензија на страниците на елементот.
  • Тоа е минималната потребна ширина на елементот.

2.Одредете ја длабочината на садоперот

Доколку имате работна плотна со завршна лајсна, максималната ширина на садоперот не треба да надмине 520mm.
За работни плотни без завршна лајсна или компакт работни плотни, максималната ширина на садоперот не треба да надмине 558mm.

dlabocina na sadoper
dlabocina na sadoper

3. Материјал на садоперот

materijal na sadoper

Во стандардниот лагер на Новомак можете да најдете 2 типа на материјали од кои се изработени садоперите.

  • Садопер кој е изработен од 80% природен гранит. Се карактеризира со висока отпорност на гребење, топлина и лесен е за чистење.
  • Садопер кој е изработен од инокс 18/10. Отпорен е на агресивни киселини и кисели супстанци кои ги содржат средствата за чистење и е лесен за чистење.

4. Коритото на садоперот

Исто така важен дел при избор на садоперот е коритото. Ви нудиме 3 типа на корита на садоперот:

Со 1 корито,
со 2 симетрични корита,
со 2 асиметрични корита.

sadoper so edinecno korito
sadoper so dve simetricni korita
sadoper so dve asimetricni korita

5. Тип на монтажа

tipovi na montaza na sadoper

Постојат 3 начини на монтажа на садоперот: над работна површина, рамно со работна површина и под работна површина.
За садопери кои се монтираат рамно со работната површина и под работната површина Ви препорачуваме да користите компакт работни плотни. Кај садоперите кои се монтираат под плотна постојат 3 можности за позиционирање на садоперот:

  1. работ на садоперот е делумно видлив од работ на работната површина,
  2. работ на садоперот е рамно со работ на работната површина,
  3. работ на садоперот е невидлив од работ на работната површина
delumno vidliv rab na sadoper pod plotna
rab na sadoper ramno so plotna
nevidliv rab na sadoper