Најлесен, најевтин и најбезбеден начин да го освежите просторот е со замена на рачките на елементите. Често знаеме да кажеме дека рачките се дијамантите на мебелот, тие се она што го забележува човечкото око уште при првиот контакт со просторот. Дури, и ако сте купиле некој евтин елемент кој не Ви прави мерак со промена на рачките може да добиете сосема нов изглед кој ќе се вклопи во Вашиот дом. Моделите на рачки може да ги погледнете на: https://shop.novomak.com/category/408/rachki-za-mebel
Она од што често се плашат клиентите при промена на рачките е дека некоја дупка ќе се гледа и дека ќе имаат потреба од повторно бушење на елементот. За да не дојде до тоа се што треба да направите е да најдете рачка со иста димензија како постоечките. Но, бидете внимателни не треба да ја мерите надворешната должина на рачката !
Често пати се случува рачка со иста надворешна должина да има различна раздалеченост помеѓу дупките. Она што треба да го измерите е раздалеченоста помеѓу дупките за шрафови. Така, нема да имате потреба од дополнително правење на нови дупки и криење на старите. Кај елементите со пупки или мали рачки со еден шраф тоа е полесно и тука имате неограничена можност за промена. Дури лесно може да ставите и рачка со два шрафа, доколку биде поставена во вертикала.
Во горниот пример ни се потребни рачки со димензија за бушење 128mm, за да не дојде до забуна на филтерот на online продавницата селектирате соодветна димензија и избирате од понудените модели.