Малиот простор несмее да Ви биде пречка за функционален дом. Па, дури и кога станува збор за кујна.Иако, сите тежнееме да имаме голема отворена кујна, комфорот и практичноста може да се постигне и во мал простор. Па дури и во простор од 4.7m2.

Токму тоа е предноста на мебелот по мерка, каде го искористуваме секој милиметар правилно и го прилагодуваме на нашите потреби.

Пред да започнете со планирање на малиот простор потребно е да дефинирате што Ви е неопходно да имате во истиот, како би имале прегледност на елементите кои треба да се постават.

Да ги дефинирате плочестите материјали кои ќе ги користите и во овој случај најважно е да одберете квалитетен оков кој ќе Ви обезбеди паметен складишен простор.