Чест проблем во домаќинствата претставува уредувањето на претсобјето. Како е најдобро да се искористи просторот без притоа истиот да се загуши ?
Во однос на со колкав простор располагаме, но и колкави се нашите складишни потреби може да се одлучиме за некој минималистички дизајн, но и за вграден плакар кој ќе го исполни целиот ѕид на претсобјето.
Најчеста практика во последно време се токму вградените плакари, со еден дел кој служи како клупа со простор за закачување палта.
Во прилог Ви претставуваме галерија со неколку идеи за уредување на просторот во претсобјето.







За изработка на плакарите во претсобјето може да користите иверка или медијапан, но се почесто се користи и шпер плоча. Поради честата употреба на овие плакари Ви препорачуваме да изберете високо квалитетен оков, особено доколку се решите за опција со лизгачки плакари.
Сите елементи кои Ви се потребни за изработка на мебел за претсобје може да ги најдете на shop.novomak.com