Blum ни нуди идеално решение за тесни елементи со дијагонално поставени лизгачи, при што се задржува стабилноста и квалитетот на движење, на отворање и затворање на елементот. Оваа вагонетка овозможува уредно и прегледно чување на зачини, шишиња, даски за сецкање и слично.

Докажан квалитет на движење

Квалитетот на движење на лизгачите е истакнат токму во вагонетката на Blum. Со мала сила на отворање, лесно и синхронизирано движење и меко и тивко затворање Blumotion, се гарантира врвно движење и подобрена употреба за корисниците. Целосното извлекување овозможува лесен пристап  до сите продукти.

Карактеристики:

  • Стабилно решение благодарејќи на дијагоналното поставување на лизгачите.
  • Лесно и тивко отворање и затворање благодарение на Blumotion.
  • Капацитет на лизгач од 20kg.
  • За ширина на елемент од 200mm.
  • Должина 450mm и 500mm.
  • Достапни бои со Legrabox лизгачи: антрацит, бела, црна и инокс.
  • Достапни бои со Tandembox Antaro лизгачи: бела, црна и сива.