Винтиџ изгледот на Вашата кујна го акцентира месингот, кој може да го додадете на комоди преку рачките за фиоки, чешмата и лајсните. Месингот нуди класичен и безвременски, а истовремено смел и современ изглед на кујната. И без оглед на тоа со кој елемент се комбинира и каков е неговиот “финиш”- сатенски, неотполиран или полиран месинг – овој метал убаво се вклопува во мнозинството стилови на кујнски дизајн, посебно кај винтиџ и индустрискиот стил. Се поголемата заинтересираност за овој тип на кујни, јавува и се поголема бараност на Franke Old England батеријата.

Оваа батерија никого не остава рамнодушен и совршено се вклопува во многу комбинации, па дури и во оние смели комбинации со розево и зелено.