Елегантен амортизер за висечки елементи I Инспирација

Благодарение на својот компактен и минималистички дизајн, амортизерот K12 нуди нов концепт на елеганција во сите детали. Гасниот амротизер за отворање нагоре на фронтови и вратички е достапен во 2 јачини од 80N и 100N и должина од 244mm што го прави да може да крене врати со висина до 500mm. Амортизерот има лесна монтажа со помалку чекори во однос на другите амортизери, а со тоа се подобрува изгледот и се намалува времето на монтажа.

Елегантен амортизер за висечки елементи I Инспирација
Елегантен амортизер за висечки елементи I Инспирација

Има “клик” механизам со кој е намален ризикот од несакана демонтажа. Гасниот амортизер K12 обезбедува лесно движење на фронтот до своето максимално отворање. Сите делови се изработени од високо квалитетни материјали што е гаранција за долготрајноста на овој механизам.