Минималистички и компактен дизајн со елегантни форми, долготрајни со брза и лесна монтажа, се само дел од предностите на производите на Italiana Ferramenta. Во прилог ви ги издвојуваме најбараните продукти кои ќе Ви овозможат да имате функционален мебел со италијански дизајниран оков.

kimana

Шарка за бифе Kimana

K12

Амортизер за надолу K12

K-push

Механизам за отворање на допир K-push

Шарка за бифе – Kimana
Шарка со минималистички, елегантен и модерен дизајн, дава акцент на луксуз во мебелот. Таа има висока функционалност, компактна димензија (Ф26mm) и лесно се подесува.

Амортизер за отворање надолу – K12
Благодарејќи на компактниот и минималистички дизајн, K12 нуди елегантен изглед. Достапен е во 2 димензии (244mm и 355mm) и нуди можност за употреба на тешки и големи врати (max. висина на врата 600mm). Има лесна монтажа со што се заштедува време.

Механизам за отворање на допир K-push
Доколку сакате мебел без рачки и отворање на вратите на допир Ви препорачуваме да го поставите механизамот K-push. Моќен внатрешен механизам кој нуди можност за користење на разни големини и тежини на вратата, притоа гарантира долготрајна и тивка употреба.

Libra H7

Држач за висечки елементи Libra H7

Libra H7 е држач за висечки елементи кој има голема носивост (240kg) и издржливост, дизајниран за тешки висечки елементи и висечки елементи со длабоки фиоки. Може да се користи во сите простории во домот како и комерцијални објекти. Има можност за вертикално и длабочинско подесување, како и осигурувач против превртување. Благодарејќи на тенките метални плочки држачот не пречи на лизгачите на фиоките, со што се овозможува лесна употреба на алат.

Libra H7
libra H7

Italiana Ferramenta е италијански бренд со специјализарано производство на висококвалитетен оков за мебел. Нивните производи нудат решенија кои се долготрајни и ја олеснуваат монтажата со што се заштедува време. Константно истражуваат нови иновативни решенија со што може да понудат специфичен оков со добар дизајн.

Нивните производи се добитници на многу награди низ годините на светските саеми за мебел.