Работењето од дома стана новото нормално за многу луѓе во последните 2 години. Зависно од Вашата работа, работењето на биро од дома доаѓа со многу предности и недостатоци, но истовремено е голем предизвик.

Како да ја поставите Вашата домашна канцеларија за да бидете поефикасни ?

Во продолжение Ви нудиме корисни совети како да ја претворите Вашата домашна канцеларија во продуктивно работно катче.

Баз разлика колку малку простор имате за Вашата домашна канцеларија, трикот е да ја направите ефикасна и паметно да го искористите просторот. Прифатете го креативното користење на просторот и инспирирајте се од нашите идеи и предлози.

1. Најдете го вистинското место

Работното место во домот е повеќе мултифункционално одколку само канцеларија. Најдете место во домот што е можно потивко и пробајте да ги елиминирате сите потенцијални вознемирувања. Со тоа ќе добиете тивка домашна канцеларија во која ќе можете да се сконцентрирате на Вашите работни обврски.

2. Осветлување во канцеларијата

Најдобра опција доколку е возможно се разбира дека е дневната светлина, но доколку тоа не е возможно може да поставите LED осветлување со алуминиумски профили. Со правилно осветлување и правата нијанса (боја на светлина) нема да Ви се заморуваат очите. Се препорачува и да ги одмарате очите после одреден временски период посебно ако подолго време гледате во монитор.

3. Важноста на висината на бирото по Вашето здравје

Работното биро секогаш треба да биде комфорно, а корисникот да се чуствува удобно и пријатно на неговото работно место бидејќи се пренесува на работните обврски и неговата продуктивност. Висината на ногарките кои ќе се употребат е од голема важност за здравјето. Во Новомак можете да најдете голем избор на ногарки со различни висини, исто така можете да ја искористете предноста на ногарките со електрично подесување на висината.

4. Создадете доволно простор за складирање

Често се прашувате каде Ви се документите или каде се изгубило пенкалото во нередот ? Тешко е да останете продуктивен ако Вашето работно биро е натрупано и неуредно. Дали ќе поставите фиоки под бирото или висечки елементи над бирото, битно е да создадете простор во кои можете уредно да ги чувате сите документи. Висечки ѕиден елемент со механизам Aventos обезбедува лесен пристап до складираните работи како и уредно организиран простор.

За дискретна интеграција на Вашата канцеларија користете врати на преклоп

Доколку не сакате да користите цела соба за канцеларија или немате доволно простор тогаш можете да поставите врати на преклоп за да го скриете канцеларискиот мебел позади големи фронтови. 

За минималистички висечки елементи со механизам за отворање на фронтови – Aventos

Дали сакате отворена соба но се да Ви е близу достапно? Висечките елементи со Aventos се дискретни и креираат лесен пристап до работите складирани. Вратите не пречат бидејќи се отвораат нагоре со што имате слобода на движењето. 

Само за Ваши очи, елемент кој се заклучува

Некои документи треба да бидат чувани безбедно посебно во домот каде има и деца. Елементите кои се заклучуваат овозможуваат сигурно и безбедно чување на сите вредни предмети и доверливи документи.

  • Максимално искористен простор.
  • Добро осмислен работен простор со голем простор за складирање.
  • Подесување на висината на Вашето биро со помош на електричните ногарки.
  • Скриена канцеларија со врати на преклоп.
  • Механизамот за висечки елементи Aventos нуди лесен пристап и не го ограничува движењето.
  • Елементи кои се заклучуваат нуди безбедно складирање.