Се почесто изведувачите на ентериери се сретнуваат со  простории кои немаат дневна светлина или истата е минимална. Затоа тимот на Новомак во продолжение Ви претставува неколку идеи како просторот без светлина да го претворите во светол и топол.

Користете светли дрвни декори за изработка на мебелот

Мебелот изработен од светли дрвни декори во комбинација со бела боја оддава чувство на топлина, чистота и го прави просторот светол. Комбинацијата на овие декори за мебелот Ви создава пријатен и удобен амбиент осветлувајќи го просторот.

Поставете лед осветлување во мебелот

Друг начин да додадете повеќе светлина е со поставување на ЛЕД профили во Вашиот мебел. Осветлувањето игра голема улога во ентериерот, па доколку се одлучите на оваа опција ќе добиете дополнително осветлување, но и мебел кој изгледа луксузно.  Покрај овие придобивки правилното осветлување делува и на Вашето расположение, ќе бидете поведри и полни со енергија.

Користете огледала

Кога се борите за дополнителна светлина огледалото е на Ваша страна. Светлината се рефлектира од огледалото со што допринесува просторијата да биде посветла.