Што е hygge – хиге ?
Хиге е благосостојба која се поврзува со Данскиот начин на живот. Долго време се истражувало што е тоа што ги прави луѓето во Данска најспокојни и покрај лошите временски услови и високите даноци.
Институтот за среќа, чие седиште е токму во Данска доаѓа до заклучок дека главната причина за хиге е светлината. Секој простор во Данска е внимателно осветлен со нежни тонови на светлина. И, според нив токму таа светлина ( која не смее да е со висок интензитет ) придонесува луѓето да можат да се опуштат и да влезат во хиге.
Како до хиге ?
Лесно. Исполнете го просторот без оглед дали е тоа Вашиот дом или Вашата канцеларија со смирувачка светлина. Поставете лед профили секаде каде што поминувате подолго време. Во кујната, во дневната, во спалната.
Поставете ги и во гардероберот. Најголем стрест доживуваме кога во брзање треба да избереме парче облека. И, токму лед профилот може да има смирувачко дејство кое ќе не внесе во хиге и ќе ни го олесни денот.
Вреди да се проба.