Добрата конекција се јавува како еден од најзначајните фактори за квалитетен живот без оглед дали станува збор за опкружување во домот, работната средина или се користи за изложување на продукти. Увидувајќи го проблемот со недоволна едукација за тоа што може да Ви помогне за решавање на проблемот со конекцијата во продолжение Ви нудиме неколку решенија од асортиманот на Новомак.

Due

 

Due е идеална утичница за кујнaта, канцеларијата па дури и за во спалната. Гарантира елегантно напојување.

Со своите заменливи маски, може да се комбинира во различни бои согласно со ентериерот. Покривното капаче е оделено и може да се отвора по потреба со што ја прави оваа утичница елегантна кога е во употреба. Ниската монтажна длабочина од 45mm овозможува компактно да се интегрира во работната плоча, ѕид или да се постави на елементот над фиоките.

Kapsa

 

Дизајнот на класични и намалени форми ја прават оваа утичница да заштедува простор.

Kapsa е дизајнирана така да се вклопи буквално секаде. Капакот кој може да се менува и да се отвори обезбедува заштита од надворешни влијанија и е достапен во неколку варијанти. Можете модуларно да ја комбинирате според Вашите потреби. Лесно се монтира, има ниска монтажна длабчина од 45mm. Минималистичкиот дизајн на Kapsa докажува дека less is more.

Twist

 

Со различни површински бои, Twist се вклопува во било кој ентериер.

Twist е утичница која може да се користи во канцеларија, кујна,дневна или бања. Со својот компактен дизајн и ниска длабочина на монтажа, лесно се интегрира во работните плочи или работната површина. Бидејќи кабелот за напојување е насочен блиску до куќиштето, монтажната длабочина е само 40 mm, така што може лесно да се инсталира и над фиока. Со различни површини и бои, TWIST лесно се вклопува во модерни и органски ентериери. Паметен механизам за прицврстување – по употреба едноставно свртете го капакот и приклучоците исчезнуваат под него.

Casia

 

Универзалната утичница која е ефикасно решение што овозможува лесно поврзување на електрична енергија во средини за живеење и работа. Посебно добра примена наоѓа во кујната.
Casia може да се монтира во агол или на ѕид. Покривната површина со изглед од нерѓосувачки челик има безвременски дизајн и затоа е идеално погоден за модерен ентериер.

Coni

 

Минималната монтажна длабочина на Coni обезбедува доволен простор, дури и ако е поставен во близина на работ.
Кога е затворена, површината на мебелот и Coni произведуваат рамна површина. Утичницата е употреблива и затворена при што вградената четка спречува каблите да се блокираат.

Elevator

 

Elevator се вклопува совршено во секоја работна површина.Со дијаметар од 79 mm, Elevator е идеално решение за тесни простори. Оваа утичница е едноставна за користење со лифт принцип. Со нежно притискање на капачето се извлекува за употреба и се враќа во првобитна, односно состојба на мирување.

Power Frame

 

Компактни димензии со висококвалитетен безвременски дизајн овозможува широк опсег на употребливост на утичницата Power Frame. Совршена за користење во канцеларии, продажни салони, сали за конференција и саеми.
Едноставно се монтира на рамката без алати.
Идеално решение кога имате потреба од компактност и ефикасност.

Venid

 

Како дел од модерната бизнис околина, утичницата VENID нуди извонреден дизајн и висока функционалност.
Исеченото парче од бирото може да се монтира на рамката од утичницата со што се претопува со површината. Совршено интегриран во површината, VENID не само што изгледа елегантно, туку исто така нуди и практично складирање на каблите. Капакот се отвара на двете страни. Venid е погодна за дебелина на маса од 14-25mm.