modularen sistem Pecasa

Во понудата на Новомак можете да најдете 3 модели на модуларни системи за паметно креирање и организирање на просториите.
Pecasa, Make me и Vertiko.

Овие системи Ви нудат широка примена во сите простории, вклучувајќи приватни и комерцијални објекти, а исто така нуди и слобода во ентериерното уредување. Компонентите можете да ги поставите според Вашите желби и потреби со лесна монтажа.

Систем Pecasa 

Peka е фирма од Швајцарија која се занимава со производство на оков за мебел со атрактивен дизајн и висок квалитет. Производите на Peka со нивните практични решенија имаат за цел да уживате во мебелот при нивната употреба.

Како работи системот Pecasa ?

PECASA се состои од неколку едноставни компоненти кои може да се комбинираат на разновидни начини. PEKA обезбедува ѕиден профил со канал за вметнување на кабел, држачи за полици, држачи за елементи и универзални држачи ( наменети за TV, огледала и сл. ). Компонентите ги поставувате во зависност од вашите потреби. Можете да додадете LED осветлување благодарение на каналот за кабел што се наоѓа во ѕидниот профил.

Флексибилен Дизајн

Модуларните компоненти можат да бидат преместени на било која позиција и во било кое време, со едноставна употреба на инбус клуч. Без разлика дали тоа се полици, елементи или други додатоци. Слободно можете да изберете симетричен или асиметричен изглед, дали ќе ги поставите компонентите на најгорната точка или на одредена висина – ИЗБОРОТ Е ВАШ !!!
Производите Pecasa можете да ги погледнете на следниот линк

pecasa
pecasa
zakacalka

Make me

Алуминиумски ѕиден систем дизајниран за модерен ентериер. Ефикасно решение за повеќе простор, со едноставна и лесна монтажа.

make me organizacija
organizacija make me
make me organizacija

Vertiko  

Главната карактеристика на овој систем е неговата прилагодливост. Благодарение на колекција на додатоци и лесната монтажа, на дизајнерите им се дава екстремна слобода во организирањето на просторот.

organizacija na plakari


Предлог комбинации и форми за системот Vertiko

predlog kombinacii
formi za plakar
organizacija Vertiko