Koj e SCHOCK?

 Schock е германска компанија која го има креирано првиот гранитен садопер во светот. Од тогаш па се до денес тие имаат за цел да го креираат животот околу садоперот поубав, поудобен и поколоритен преку нови начини на иновација, пасија и мајсторство.

Комбинацијата од мајсторство, иновативни технологии, квалитет производен во Германија, цврстата позиција на глобалниот пазар, пионерскиот дух со чувство за традиција, пасијата и знаењето се работи кои ги имаат афирмирано во минатите декади и во тоа што се денес. Компанија која континуирано расте и гледа на долг успех во иднината.

Истражувањата и развојот се многу важни за Schock. Од нивната фабрика во Баварија секогаш гледаат да се представат на нови територии, размислувајќи различно и неконвенционално. Имаат зад себе многу иновации, а доказ за тоа се наградите и признанијата кои ги имаат добиено.

Најдоброто од светот на гранитот – садопери SCHOCK I Инспирација by Новомак

Предности на садоперите на Schock!

Садоперите на Schock се состојат од доминантно природен песочен кварц, односно гранит. Мазниот мат финиш CRISTADUR® и CRISTALITE® со груб финиш на камен се создадени специјално да одговорат на барањата на кујната. Oвие 2 материјали на садоперите на Schock одговараат на најстрогите барања во кујната со докажан квалитет и технологија.

Најдоброто од светот на гранитот!

Како што веќе напоменавме, Schock e првиот производител и иноватор на гранитните садопери во светот. Во својата понуда имаат садопери кои се изработени од 2 типа на гранит и тоа: CRISTALITE® и CRISTADUR®.

Овие 2 типа на гранит се најквалитетните, најиздржливите и најдолготрајните материјали од кои се изработуваат садоперите. Доказ за квалитетот на материјалот се наградите и признанијата кои Schock ги добиваат низ годините за нив и тоа дека над 60% од произведените садопери во светот се произведуваат по методологијата која ја имаат измислено токму тие.

CRISTALITE® – Модерен класичен со груб финиш

Иако CRISTALITE® е првиот гранитен садопер во светот и првиот од Schock тој никогаш не остаре. До денес материјалот CRISTALITE® е синоним за иновација и квалитет, секогаш во тренд со светските eнтериери и е трендсетер во светот на садоперите. Секогаш е достапен во нови возбудливи бои и никогаш не здосадува во кујната и на работната површина.

Импресивен изглед и перформанси CRISTALITE®

Површината на CRISTALITE® е малку груба и дава чувство на камен. Робустниот гранитен садопер изработен од 80% природен гранит – најјакиот состав на гранит – не само што е цврст како карпа, туку можете и сами да го поправите доколку нешто се случи. Само вода и малку средство за чистење е се што е потребно да се исчисти и да биде повторно спремен за нормална примена.

Премиум надградба – CRISTADUR®

Како да го направите материјалот на Schock подобар? Со иновација, пасија и аспирација да се остане технолошки лидер во наредната декада. Со подобрена формула, која го чини CRISTADUR® поеластичен, повеќе отпорен на кршење, повеќе издржлив, полесен за чистење , а со сето тоа и поценет.

Премиум квалитет произведен во Баварија

Гранитните садопери со премиум квалитет CRISTADUR® финиш не само што се добитници на многу награди за дизајн туку ги освоија срцата на многу корисници. И тоа не е чудо бидејќи тие се убави и се продукти со топ квалитет. Рачно изработени во Германија од природен гранит – најјакиот состав на гранит може да се пофали дека ги надминува сите очекувања на корисниците.

КОМБО ПОНУДА НА САДОПЕРИ И БАТЕРИИ SCHOCK

Најдоброто од светот на гранитот, сега и во вашиот дом! 
Искористете ја oваа одлична КОМБО ПОНУДА за купен садопер и батерија Schock и заштедете до 5.390 ден.

Погледнете ја целата комбо понудa ТУКА.