При уредувањето на домот секој дел од мебелот има своја важна улога, па затоа секогаш се троши многу време додека да се добие посакуваниот изглед.

Ногарките кои се дел пред сè од масите, но ги има и кај друг дел од мебелот, во домот се многу важен елемент и затоа е потребно да се одберат внимателно. Во богатата понуда на метални ногарки, изборот многу често паѓа на ногарките Strong кои одговараат при изработка на трпезариски маси, комоди, фиокари, бифеа… 

Изработени се од челична жица, чиј дијаментар е 10mm. Лесни се за монтажа и многу лесно се вклопуваат во модерниот стил на уредување, но одлично се вклопуваат и во индустрискиот, скандинавскиот и минималистичкиот.

Со оглед на тоа што може да се најдат во различни висини тие овозможуваат и поголем избор во нивната примена. Во понудата на Новомак може да се најдат во висина од 710mm, 420mm и 175mm. Сите се во црна боја.

Станува збор за ногарки со софистициран изглед. Истакнат е трендот за користење на овој модел на ногарки при изработката на трпезариски маси, но често може да се видат и кај одреден тип на работни маси. Изгледаат одлично во комбинација со површини кои се малку подебели како бетонските и дрвените декори.