Заштедете време и пари со организиран систем за складирање на храна !

Голема предност кај овој систем е тоа што секогаш точно знаете да го најдете тоа што Ви е потребно. Не губете повеќе време барајќи ги работите низ Вашата кујна. Го елиминира непотребното движење во кујната и го елиминира непотребното дупло пазарње.

Систем за високи елементи со ширина од 600mm со шарки.  Тој е универзален и може да се монтира како лев и десен. Доаѓа со метални полици со гумена подлога против пролизгување и со фронтови од дабово дрво. Овозможува уредно складирање на големо количество на намирници. Помалите намирници и зачините може да се чуваат на полиците на вратата, поголемите ќеси и поголемите намирници во горните полици, а големите тенџериња и чиниите во долните полици на извлекување. Максималниот агол на отворање на вратата е 110°, а полиците се извлекуваат целосно со што се овозможува лесен пристап од 3 страни. 

Pleno Plus
Pleno Plus
Pleno Plus
Pleno Plus
Pleno Plus