На 23 мај во Новомак ќе гостуваат претставници од компанијата Hoegert, кои ќе имаат презентација на производите во периодот од 10 до 16 часот.

Ова ќе биде отворен ден во кој нема да има фиксни термини за презентација на производите, а истата ќе биде направена во Hoegert комбе. Во текот на презентацијата ќе можат да бидат видени поголем дел од производите кои ги нуди Hoegert.

На истата покрај коминтентните на Новомак, можат да присуствуваат и сите клиенти кои во овој период, при што ќе можат да го посетат и салонот на Новомак и да ја погледнат понудата на производи.

Hoegert е млада компанија од Полска која од 2015 година своите производи ги нуди во Европа, Азија и Јужна Америка. Во понудата се наоѓаат рачни алатки за повеќе области, кои динамично се развиваат.