Човечкото око реагира на рачките. Тоа е првиот контакт со мебелот. Дизајнот на рачката го дава целиот карактер на мебелот, па така ако ги смените рачките целата импресија за мебелот ќе се промени. Само во Новомак ексклузивно можете да ги најдете Данските рачки од производителот Furnipart.

Дизајнирани да траат.

Furnipart своето 40 годишно искуство во дизајнирање и производство на рачки го започнува со производство на пластични рачки, па преку дрвените да дојдат до создавање на новата алуминиумска колекција.
Овие алуминиумски рачки со кои Furnipart се издвојува на пазарот се направени од еколошки алуминиум и се карактеризираат со висок квалитет.

Дизајнирани за модерен живот.

Секоја рачка од оваа колекција раскажува приказна на свој единствен начин и Ви овозможува да ја истакнете својата индивидуалност преку мебелот.
Без разлика дали станува збор за просторија во Вашиот дом или деловен простор Furnipart рачките без проблем ќе се вклопат во ентериерот.

Дизајнирани за тебе

Вградливи профили кои не бараат жлебање.

Вградливите рачки од оваа колекција не бараат предходно жлебање, што значително ја убрзува и олеснува нивната монтажа и придонесува за разубавување на елементите.