Vello

Системот Vello ги следи најновите минималистички трендови во индустријата на мебелот. Овој систем е создаден за да се задоволат новите потреби и барања на пазарот, кој Ви овозможува да направите кујна без рачки. Овие профили се достапни во 4 тренди бои и тоа: алуминиум, брусен инокс, бела и црна мат. Благодарејќи на Vello хоризонталните профили можете да поставите LED осветлување кое се поставува во долниот дел од профилот, со што ќе ги осветлите фиоките и елементот.

Vello е единствено решение на пазарот кое нуди поставување на LED ленти во самиот профил ! ! !

vello
Vello
Vello

Vello профилите можат да се монтираат на двете внатрешни страници на елементот. Како опција можете да поставите на краевите на профилот естетски завршетоци. Изработени се од висококвалитетен алуминиум и се достапни во должина од 3000mm. Со Vello можете да постигнете луксузен изглед и да додадете елегантен акецент на Вашата кујна.