sarka

Постојат многу причини зашто да одберете BLUM шарки за мебел. Висок квалитет, атрактивен дизајн, долготрајност, лесна монтажа како и посебни шарки за специјални намени се само дел од причините.

Меко и тивко затворање – BLUMOTION

Blumotion
е технологија која овозможува меко и тивко затворање на вратите на елементите.

meko zatvoranje

За мебел без рачки – TIP-ON

Лесно и функционално отворање на вратите на допир.

otvoranje na dopir

Лесна монтажа и демонтажа

Clip
механизам за лесна монтажа и демонтажа на шарката од подлошката со што се овозможува лесно отстранување на фронтот без употреба на алат.

lesna montaza

Лесно 3 – димензионално подесување

Лесно подесување на вратите во 3 димензии – вертикално, хоризонтално и длабочинско.

  1. Подесување на висината на фронтот.
  2. Подесување дијагонално на фронтот.
  3. Подесување на фронтот во длабочина и отстранување на фронотот од елементот.
podesuvanje

Дали знаевте дека Blum шарките можат да издржат 54 години?

Шарките на BLUM се тестирани до 200.000 циклуси на отворање и затворање. Претворено во години тоа е повеќе од 54 години, со просек од 10 отворања на ден.

Шарки за стандардни елементи

sarki za standardni elementi

Шарки за нестандардни елементи

sarki za nestandardni elementi

Потребен број на шаркиво зависност од големината на вратата на елементот

tehnicki prikaz

Бројот на шарките зависи од висината и тежината на фронтот. За добра стабилност потребно е да се избере што поголемо растојание помеѓу шарките. Податоците за оптеретување и висина се однесуваат на фронт со ширина од 600mm.