Стилот на уредување на вашиот дом претставува огледало на вашиот карактер, стил на живот и визија. Домот е местото каде секојдневно со нашите сакани ги делиме најискрените емоции и се радуваме на животот. Токму затоа ова специјално катче за секое семејство заслужува да биде беспрекорно уредено.

Пред да започнете со уредување на вашиот нов дом, ние ќе ви дадеме предлози  за стилови на уредување кои ќе ви бидат од голема корист кои ќе одговараат на вашиот карактер и ќе ви овозможат да креирате совршена приказна во духот на вашето семејство.

Во предвид секако треба да ги земете и практичните потреби на вашите најблиски со кои го делите домот. За да добиете инспирација и да го пронајдете стилот на уредување кој е скроен за вас, потребно е да разгледате што повеќе различни комбинации на стилови, бои, елементи и дизајни.

Правилно и функционално уредениот дом овозможува попријатен престој во него, а извршувањето на сите активности во него станува полесно.

Минимализам


Минимализам обично се препорачува во мал простор каде што декорот ќе даде изглед на поголема пространост.

Основните правила за внатрешен дизајн во стилот на минимализмот се нежните нијанси на декорот. Областа може да биде сложено на повеќе нивоа. Палетата на бои е што е можно поприродна и оков со минималистчки дизајн што не отстапува од неговата функционалност. Завршницата може да биде обична тула, дрво, или бетонски површини.

Рустичен стил


Рустичниот стил нуди широк спектар на опции за уредување, само треба да имате визија и идеја и да бидете креативни.

Покрај минималистичкиот стил на уредување, што ви го презентиравме еден од најраспространетите стилови на уредување е и рустичниот.
Овој стил е едноставен и е карактеристичен по тоа што во него преовладуваат природните материјали на дрво.
Всушност, убавината на рустичниот стил е во тоа што создава убава и топла атмосфера, спојувајќи го природното со модерното. Тој е истовремено и груб и топол, со мноштво текстури и едноставност и во изборот на бои.

Индустриски стил


Овој стил може да го направи ентериерот поинаков од конвенционалните начини на уредување.

Индустрискиот стил на уредување на домот го освои светот. Неговата единственост е во совршениот спој од ретро, винтиџ и модерни елементи кои го прават домот или кујната да изгледа како од магазин.

3 стилови кои треба да ги знаете за ентериерот во домот I Инспирација by Новомак

Дрвените греди, ѕидовите со цигла или декори со изглед на бетон и металните лустери се есенцијални елементи на овој стил, но неговата предност е во тоа што одлично се вклопува со другите стилови и доколку не сте цврсто решени да го направите целиот дом во индустриски стил, можете да додадете и елементи по ваш вкус.