Тренд: најбараната боја на пазарот - златна I Инспирација

Последните трендови во внатрешното уредување се пастелните и светлите бои. Во нашите домови доминираат неутрални нијанси на сива и беж, бела боја и елементи изработени од природно дрво. Во таков простор деталите со златна боја се вклопуваат перфектно и го привлекуваат човековото око. Рачките за мебел играат се поголема улога во декорирањето на просторот, а нијансите на златна и шампањ боја не оставаат никого рамнодушен.

racka
racki

Тренд: најбараната боја на пазарот – златна !

Златната боја во ентериерот се сметаше за класичен стил – во комбинација со стилски мебел, барок и ѕидни тапети. Денеска златната боја е се подоминантна во изработката на мебелот и внатрешното уредување и одлично се вклопува во модерен, скандинавски и минималистички стил. Благодарејќи на финишот на рачката, тој ја прави оваа нијанса безвременска и универзална.

Затоа Новомак пратејќи ги светски трендови во внатрешното уредување ја збогати својата колекција со нови модели на рачки достапни во златна, шампањ и црна мат боја.

Модел Ever

Класична рачка, во форма на школка, но со освежувачки дизајн. Достапна во шампањ и црна мат боја, одлично ќе се вклопи на фронтови во светли, сиви, антрацит и темно зелени бои. Одлична за примена во кујната и дневната, како и за освежување на стари елементи кои се во винтиџ стил.

racka Ever

Модел Venice

Venice е рачка со елегантна форма и линија. Овој модел е пример на фактот дека мал детаљ може да игра голема улога на целиот мебел додавајќи му уникатен шарм. Специфичната форма на рачката ја прави погодна за употреба во минималистички, модерен и гламурозен стил на уредување.

racka Venice

Модел Flow

Оригинален модел достапен во 3 бои: црна мат, шампањ и брусен инокс. Интересната форма на рачката одлично ќе ја нагласи површината на најпопуларните фронтови во мат неутрални бои.

racka Flow

Модел Otto

Доколку барате нешто едноставно, а истовремено привлечно тогаш рачката Otto е правиот избор. Спој на модерното со класичното, одлично ќе се вклопи со светол и сив мебел во секоја модерна просторија. 

racka Otto

Совет плус – како да ја комбинирате злантата боја?

Прво правило, држете се до една нијанса. Доколку сте одбрале рачки во златна боја тогаш и останатите украси и детаљи комбинирајте ги во таа боја. Имајте во предвид дека современите простории не сакаат гламур и претерана употреба на златната боја. Затоа најдобро е да се фокусирате на малите детали кои ќе го направат дизајнот кохерентен. Во прилог на рачките може да ги комбинирате со златна батерија, квака на врата, рамка од огледало или слично. Креирајте елементи кои не се само декоративни туку и функционални.

zlatna racka