Процесот во кој нерамните делови односно деловите кои се видливи после сечењето се покриваат со трака главно во ист декор како плочата се нарекува кантирање, а со него се добива поубав изглед на елементот од мебелот. Производот добива на естетика, а мааните се затскриваат така што се добива финален изглед каков што се посакува, но во исто време и се зголемува отпорноста на истиот.
Кантирањето е важен процес кој се случува кај секоја иверка бидејќи после сечењето остануваат делови на кои се гледа внатрешноста на таблата. За таа цел се користи кант трака за да може да се добие идентичен тон на целата површина и рабовите. При процесот се користи ABS трака, која се лепи на праволиниски парчиња на плочест материјал при што се затвораат сите видливи рабови.
При кантирањето се користи лепило, а од квалитетот на истото зависи и тоа колку споевите ќе се познаваат. PUR лепилото кое при кантирање го користи и Новомак ги дава најдобрите резултати, а самиот процес се извршува со најсовремени машини од производителот ОТТ од Австрија. Квалитетот се забележува и на самата иверка бидејќи спојот меѓу кант траката и плочата е речиси невидлив. Во Новомак се користи транспарентно или лепило во боја, која е најблиску до декорот така што се добива максимално ефикасно кантирање при што линиите на рабовите не се воопшто забележливи.
PUR лепилото дава многу подобри резултати во однос на лепилото ЕВА. Има поголема отпорност на влага, но и на топлина што се забележува и од тестирањата. Како што може да се види на фотографијата подолу се врши издржливост при зголемување на температурата при што кога ќе се достигне точката на загревање може да се видат реакциите од едното до другото лепило.
Полиуретанскиот лепак го затвора отворот меѓу траката и предната површина што му дава поголем квалитет и отпорност на спојот кој дава добар резултат при влага. При висока влажност спојот не набабрува така што е адекватен за бањи, кујни и комерцијални простории со поголеми оптоварувања.
PUR технологијата (Polyurethane Reactive) e ултимативно решение каде се бара висока сила за лепење и отпорност на влага. Во своите карактеристики има отпорност на температури од -40 до +140 степени. Поради цврстината и ефикасноста, кантираниот PUR лепак се нанесува во многу тенки слоеви и со тоа речиси незабележително се дава совршен спој со кант траките.
Новомак покрај тоа што ви нуди цврст спој кој е отпорен на топлина и влага, има и понуда од над 400 декори на траки за кантирање, кои може да се најдат со различни дебелини.