ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ НОВА КУЈНА?

Направете го тоа со Peka. Ќе ги направиме сите потребни чекори за да се осигураме дека вашата кујна не само што изгледа добро туку, што е уште поважно, и ќе ви ја олесни работата и ќе го острани стресот од вашиот секојдневен живот. Од пространи фиоки со извлекување и паметни решенија за складирање во агол до практични системи за отпад, генијалните механизми на Peka и опрема за кујна и мебел ќе направат да се чувствувате пријатно во вашата нова или реновирана кујна.

kujna

ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧНО МЕСТО ЗА ГОТВЕЊЕ!

Дизајнираната кујна со вкус е срцето на домот. Особено ако е отворена како што често се случува во денешно време таа дава уште поголемо уживање. Тоа е место каде што можете да поминете квалитетно време со вашето семејство, да готвите, да уживате во чаша вино со некој посебен за вас или дури и да поминете малку мирно време сами во делот за појадок со вашите мусли в рака. Со оглед на централната улога која ја има во домаќинството, вашата кујна треба да ги одразува вашите вкусови и вашата радост, истовремено обезбедувајќи удобност.

visok element
vagonetki

ПРАКТИЧНА КУЈНА, ДИЗАЈНИРАНА ПО ВАШИ ЖЕЛБИ

 

Кујните обично се планираат на компјутер, користејќи симулации кои ќе ви помогнат да визуелизирате каква ќе биде вашата кујна пред да почне да биде правена. Сепак, внатрешноста на кујната е многу поважна од надворешниот изглед. Доколку имате подготвен одговор за секоја потреба за складирање тогаш вашиот живот ќе биде многу полесен.

Затоа, кога ја планирате вашата кујна одвојте една минута за да размислите каде можете да ги чувате вашите намирници, тенџериња, тави, садови, производи за чистење… Како најдобро да го искористите просторот и секогаш да ги имате при рака предметите што ги сакате и Ви се потребни. Можеме да ви понудиме многу практични совети кои ќе ви помогнат да ја креирате кујната што ја сакате: Практична кујна, дизајнирана според ваши желби.

agolen mehanizam

КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ

agolen mehanizam

„Нашата кујна е одлична затоа што можеме да ја искористиме максимално, до последната педа простор во неа“.

Изборот на совршени кујнски елементи не е доволен за да ви гарантира совршен простор за складирање. Само со избирање на вистинските елементи за распоредот на вашата кујна и соодветните внатрешни делови што ќе одговараат можете да бидете сигурни дека ќе уживате во удобност и максимална пристапност до секој од нив. Аголниот елемент на Peka и фиоките за складирање целосно го користат просторот во вашите кујнски елементи и ги чуваат сите ваши алатки и состојки на лесен дофат.

prostor

ПРИСТАПНОСТ

pristap

„Мојата совршена кујна? Местото каде што сè што ми треба за готвење е секогаш на дофат“.

 

Кога ги планирате енетериерите на вашите елементи, погрижете се да има пристап до целиот простор за складирање што го нудат. Тешко е да се дојде до елементите кои се многу високи или многу ниски или елементите се многу длабоки. Механизмите и системите за складирање на Peka носат сè на дофат, колку и да изгледа далеку на прв поглед.

pristapnost

ЧУВАЊЕ НА ХРАНА

vagonetki

„Моите единици треба да бидат организирани за да ми одговараат, а не да биде обратно“.

Главната предност на централното складирање на храната: точно знаете каде да го најдете она што го сакате и не треба да губите време додека го барате. Организираниот систем за складирање на храна ви заштедува и време и пари: ја елиминира потребата од многу движење и уште поважно, ги намалува непотребните двојни купувања. Современите организатори за кујнски елементи на Peka се многу разновидни и лесно може да се прилагодат за да одговараат на тоа што сакате да го складирате.

vagonetki

МЕСТО ЗА ОТПАД

korpi

„Речиси никогаш не размислуваме за отпадот, но тој предизвикува многу проблеми во домаќинството“.

Кој дел од кујнската опрема се користи најчесто? Корпата за отпад, се разбира. Имајќи го тоа на ум, вреди да се потрошат неколку минути размислувајќи за отстранување на отпадот кога ја планирате вашата кујна. Добро испланираниот систем за отпад го олеснува многу и чистењето. Добриот систем за отпад, како оној на Peka, на пример, треба да биде модуларен и треба да биде прилагоден на вашите барања.

korpa