Најголемиот саем за оков за мебел Interzum 2023 секогаш носи многу нови возбудливи промени, многу новитети и креативни идеи.

Новомак секогаш ги прати светските трендови во индустријата на мебелот и присуствува на најголемите саеми за оков за мебел. Низ годините успеавме секогаш да останеме на врвот и тоа благодарение  на една формула за успех, континуирано инвестирање во квалитет и следење на трендовите креирани од страна на врвните светски архитекти. Затоа континуирано работиме да ги донесеме овие трендови и новите иновативни продукти на нашиот пазар, со цел нашите архитекти да ги применат во своите проекти. Новомак како водечка компанија во индустријата на своите клиенти им нуди квалитетни материјали, иновативни решенија и функционални дизајни. Нашата посветеност кон деталите и индивидуалниот пристап нè прави да се истакнуваме како доверлив, професионален и посакувам партнер од страна на архитектите. Ви благодариме на довербата, продолжуваме да растеме заедно. 

Саемот во Келн, беше одлична можност да направиме ексклузивни интервјуа со светски реномирни дизајнери и да ги доближиме нивните приказни до вас. 

Во продолжение ви го претставуваме еден од дизајнерите на рачки за мебел од данската компанија Furnipart, Hans Sandgren Jakobsen, можете да прочитате повеќе за тоа од каде ја црпи инспирацијата, кои дизајни на рачки се популарни и што може да очекуваме во иднина.

Допир на елеганција и луксуз на вашиот мебел – Hans Jakobsen I Инспирација

Hans Sandgren Jakobsen

 

Студиото на дизајнерот Hans Sandgren Jakobsen’s се наоѓа во прекрасна стара зграда на пристаништето, практично на работ на кејот на Гренаа. Дизајните на Hans Sandgren Jakobsen’s се пред се функционални. Американскиот “ * Shaker movement’s” пристап во дизајнирањето на мебелот каде убавината е зависна од функционалноста е постојано влијание на неговата работа и дизајни, како во познати дански и јапонски компании.

* Shaker movement’s е принцип на дизајнирање следен од едноставност, искреност и практичност.

Hans Sandgren Jakobsen своето искуство го стекнува како изведувач на мебел. Дипломирал на Данското школо за дизајн ( сега дел на The Royal Danish Academy of Fine Arts, Schools of Architecture, Design and Conservation). Во соработка со Furnipart  тој има креирано различни рачки и пупки, сите со чиста референца на традиционалниот Скандинавски дизајн со филозофија на лесен и едноставен дизајн. Јасно се гледа од неговите решенија и дизајни дека тој ја следи мантрата на “less is more”.

1. Од каде ја црпите инспирацијата за дизајните на рачките?

Рачките се малку потешки за дизајнирање во споредба со останатиот мебел затоа што мораат да бидат многу едноставни како Скандинавскиот животен стил и да се најдат многу едноставни детали и решенија е голем предизвик. Тие мора да бидат многу мали и едноставни и идејата е да имаат едноставни форми и линии. Во Данска ние сме различни, имаме различна дизајнерска култура, едноставност, едноставен животен стил и да бидеме јасни и тоа е како Furnipart инвестира и пробува да го најде најчистиот и најјасниот Скандинавски стил.
Furnipart рачка за мебел Cast Iron I Инспирација

Колекција на рачки Cast Iron – достапни по нарачка

2. Кој дизајн на рачка кој вие го имате дизајнирано ви е омилен?

Тешко е да се одвои еден, но мислам дека беше мошне интересно кога ја припремавме колекцијата “Cast Iron” особено на почетокот бидејќи секогаш сме во потрага по нови материјали кој може да ги интегрираме во метал затоа што Furnipart сака да го предизвика пазарот и сеуште сме во потрага по нови материјали кои се одржливи и како да ги примениме најдобро што можеме.

3.Дали можете да ни споделите приказна за продукт на Furnipart коишто
неочекувано станал популарен и успешен
 и што според вас се должи на тој
успех
?

Секогаш е тешко затоа што при процесот на дизајнирање не знаеме што правиме, a правиме многу и спремаме доста работи затоа што го сакаме најдоброто и со тимот ги приспособуваме најдобрите идеи каде што треба да се конектираат со поента. Сето тоа е еден долг процес по кој Furnipart има добри продажби и логистика и не само што произведуваат туку имаат и одлична услуга, раскажуваат приказна за продуктите и ги контактираат клиентите.
Допир на елеганција и луксуз на вашиот мебел – Hans Jakobsen I Инспирација

4. Што може да очекуваме ново од Furnipart, какви модели на рачки може да очекуваме во иднина?

Прво иднината е е во различни видови на одржливи материјали и ние гледаме да најдеме повеќе начини да најдеме такви материјали кои ќе ја зголемат одржливоста.

Во продолжение може да погледнете дел од асортиманот на рачки за мебел кои Furnipart ги претставија на саемот за мебел Intrezum 2023.

Рачките од данскиот бренд Furnipart кои ги има дизајнирано Hans Sandgren Jakobsen можете ексклузивно да ги пронајдете и купите во Новомак.