Природата како извор на инспирација, разговор со Adam Laws I Инспирација

Најголемиот саем за оков за мебел Interzum 2023 секогаш носи многу нови возбудливи промени, многу новитети и креативни идеи.

Новомак секогаш ги прати светските трендови во индустријата на мебелот и присуствува на најголемите саеми за оков за мебел. Низ годините успеавме секогаш да останеме на врвот и тоа благодарение  на една формула за успех, континуирано инвестирање во квалитет и следење на трендовите креирани од страна на врвните светски архитекти. Затоа континуирано работиме да ги донесеме овие трендови и новите иновативни продукти на нашиот пазар, со цел нашите архитекти да ги применат во своите проекти. Новомак како водечка компанија во индустријата на своите клиенти им нуди квалитетни материјали, иновативни решенија и функционални дизајни. Нашата посветеност кон деталите и индивидуалниот пристап нè прави да се истакнуваме како доверлив, професионален и посакувам партнер од страна на архитектите. Ви благодариме на довербата, продолжуваме да растеме заедно. 

Саемот во Келн, беше одлична можност да направиме ексклузивни интервјуа со светски реномирни дизајнери и да ги доближиме нивните приказни до вас. 

Покрај интервјуто со Hans Sandgren Jakobsen, тимот на Новомак имаше можност и чест да поразговара со уште еден од дизајнерите на Furnipart, Adam Laws. Неговите дизајни и иновативни технички решенија се признаени и препознати во индустријата, со повеќе од 20 Australian Good Design Awards и преку 100 производи на пазарот. Неговото портфолио вклучува соработка со брендови како Harley Davidson (САД), Youmans Capsule (Нов Зеланд) и ChessPlus (Австралија). Адам живеел во Англија и Нов Зеланд пред да се пресели во Австралија во 1980 година, денес неговото студио е стационирано во Сиднеј.  Неговите дизајни често се инспирирани од природните убавини на Австалија и Нов Зеланд, во своите дизајни посебен акцент става на употребата на еко материајлите. На технологијата гледа како на генератор на можности.

Во продолжение прочитајте го целото интервју со Adam Laws.

1. Од каде ја црпите инспирацијата?

Многу години на набљудување и истражување на светот околу  мене, како и вдишувањето на инспирација од другите луѓе и околината во која што живеам. Многу од моите дизајни водат инспирација и потекнуваат од природата и прекрасното крајбрежје на Австралија. Пробувам се почесто да ги инкорпорирам овие природни елементи во своите дизајни. На пример, дизајнот Malibu во својата струкутра се базира на бранови и во себе инкорпорира форми кои се поврзани со водата, плажата, природата и животната средина. Сепак, иако сум наклонет кон природата пробувам во своите дизајни да внесам и малку технологија, не ги отфрлам можностите кои таа ми ги нуди. Технологијата ме огранучува во делот на инспирацијата, но од друга страна ми нуди низа на други можности да креирам и направам нешто уникатно и единствено.

Furnipart рачка за мебел Malibu Curve I Инспирација

Модел Malibu Curve – само по нарачка

2. Можете ли да ни кажете за некои посебни материјали или техники коишто ги користите за дизајнирање на рачки и пупки?

 

 

При дизајнирањето на рачки и пупки употребуваме различни материјaли како метал, алуминиум, леано железо, кожа и друго. Веќе имам спремено неколку нови трикови и имам во план да употребам некои нови материјали, но да не откривам премногу. Сакам да ја нагласам зголемената важност на материјалите во целокупниот процес на дизајн, бидејќи тие играат значајна улога во визуелната и оптичката привлечност на рачките и пупките.

3. Колку ви се важни повратните информации од корисниците и како го земате во предвид корисничкото искуство при процесот на дизајнирање на рачки и пупки?

Многу е важно искуството на потрошувачите и нивниот повратен одговор. Како дизајнери, ние дизајнираме за клиентите. Дизајнерите постојано слушаат и набљудуваат, за мене како дизајнер е добро кога комуницирам со тимот за продажба во Furnipart, бидејќи тие се врската со клиентите и компанијата. Постојано комуницирам и со крајните потрошувачите, и внимателно ги слушаат нивните потреби и предизвици со кои тие се соочуваат при користењето на рачките. Многу често при купувањето на рачки се заборава на моментот дека при купувањето ги разгледуваме рачките на еден поинаков начин, но ги користиме истите рачки на сосема друг начин, рачките се секогаш инкорпориран и составен дел од мебелот. Затоа при дизајнирањето на рачки многу треба да се внимава на деталите како што се изгледот, удобноста, чистењето на производот и секако какво чувство предизвикува производот кај крајниот корисник. Важен фактор кој се јавува секако е и цената, доколку на клиентот подеднакво му се допаѓаат две рачки, но едната рачка е на половина цена од другата, мислам дека сите знаеме која варијанта ќе ја одбере. Ако сакате да направите рачка со повисока цена, мора да му понудите на клиентот нешто повеќе, без разлика која и да е таа дополнителна вредност.

4. Кој дизајн на рачка кој вие го имате дизајнирано ви е омилен?

Генерално имам наклонетост и ми се допаѓаат рачките кои што се најнови, тие дизајни ми се некако најмногу драгоцени и имаат посебно место во мојат ум. Истотака ми се допаѓаат и рачките кои што се продававаат добро, бидејќи на тој начин пазарот ти дава валидација и сигнал дека се работи за добар дизајн, на пример моделот на рачки Edge перфомира извонредно успешно на пазарот. Мој личен фаворит во моментот е моделот Horizon, бидејќи се работи за нова рачка, направена е од метал и е поразлична од останатите, многу од другите рачки се тенки и се со должина од 160 cm, додека оваа рачка има форма на полумесечина и изгледа многу добро и компактно кога ќе се спои. Па таа ми е омилена рачка во моментот, следната година ќе имам друга омилена рачка.

5. Кои се предизивиците со кои се соочувате и што може да очекуваме ново од вас и од Furnipart?

Во тековната и наредната година ќе се фокусирам и ќе настојувам да употребувам нови материјали и на тој начин да го прошириме асортиманот, размислувам веќе подолго време имам некои нови идеи и дизајни, но за тоа треба дополнително да разговаме со Furnipart.
Сакам да го посочам моделот Edge како одличен пример на производ кој првично е започнат да се произведува како алуминиумска верзија и бил анодизиран во три различни бои. Но со текот на времето, развиван е широк асортиман од услуги и завршувања за Edge. Денес, купувачите имаат можност да одберат помеѓу повеќе од 20 различни сервиси и завршувања и да го прилагодат изгледот на Edge. Со употребата на новите материјали ја проширувате понудата, не произведувате нов дизајн, туку додавате нови материјали на веќе постоечкиот дизајн. Сакам да креирам дизајн на Edge кој ќе биде целосно изграден од еколошки прифатливи материјали, но сеуште не сум во можност да го направам тоа, бидејќи делот кој што се наоѓа над вратничката треба да биде цврст и до сега не постои материјал за кој што знам дека е еколошки прифатилив, а истовремено да ги задоволува овие потреби. Тоа е цел која што си ја поставувам пред себе, а потребно е да имате цели. Понекогаш сте неколку години понапред со размислувањето и идеите, но затоа постојано набљудувам, учам, гледам други дизајни и доколку најдам нешто што може да функционира веднаш го имплеменитирам.

На крај, сакам да се надоврзам на вашето прво прашање за тоа од каде ја црпам инспирациајта, јас секоја година патувам надвор од Австралија еден временски период и постојано се изложувам на различни култури и средини, оваа година планирам повторно едно патување, во план ми е да посетам 5 различни земји за 28 дена, преку овие патување генерирам нови идеии и ја црпам инспирацијата.

Рачките од данскиот бренд Furnipart кои ги има дизајнирано Adam Laws можете ексклузивно да ги пронајдете и купите во Новомак.