Оплеменета иверка, медијапан и компакт плоча најчесто се користат за изработка на мебел по мерка, тие внесуваат топлина правејќи го секој дом модерен и елегантен.
Долго ќе уживате во пријатниот амбиент што плочестиот материјал може да го создадат во ентериерот, доколку го користите и одржувате мебелот на вистински начин. Така ќе ги задржи сите карактеристики што го прави толку посебен, убав и функционален.
Во продолжение прочитајте неколку совети како правилно да го одржувате вашиот мебел.
Правилното користење го продолжува животот на мебелот
Без разлика дали се работи за трпезариска маса, комода, витрина, или гардеробери, секој треба да биде запознаен со правилниот начин на користење на мебелот за долго време да изгледа како нов и да ја зачува својата убавина и функционалност. Со примена на неколку едноставни совети, ќе го одржувате мебелот во одлична состојба и тој ќе ви биде од корист уште многу години.
Совети за одржување на мебелот
- Не влечете груби предмети по мебелот, бидејќи тие можат да го изгребат и трајно да го оштетат.
- Секој удар со тврди или остри предмети предизвикува и штета што не можете да ја санирате.
- Избегнува оставање на врели предмети со температура над 30°C (жешки пегли, тенџериња, чаши итн.). Имајќи предвид дека дрвото не поднесува топлина, наједноставниот начин да го заштитите е да користите подлога.
- На масата не оставајте запалени свеќи во свеќници, цигари во пепелник, вклучени светилки итн.
Отворање и затворање на елементите на вистински начин
Вратите на гардeроберот, фиоките и другите елементи што се извлекуваат со или без рачки, мора да се користат многу внимателно за да се избегне оштетување при употреба. Не отворајте ја вратата од мебелот повеќе од дијаметарот предвиден за нормално отворање. Истото правило важи и за фиоките, кои секогаш треба да се отвораат една по една.
Избегнувајте преоптоварување на мебелот со тешки предмети
Вашиот мебел ќе го задржи својот квалитет многу години само ако ја земете предвид тежината на работите што ги ставате и расопредувате на него. Избегнувајте преоптоварување на фиоките, преградните полици на гардероберот и на останатиот мебел во домот. Оптоварете ги до максималната носивост на самата фиока, бидејќи не секоја фиока има носивост 40кг.
Кога имате потреба да го поместите мебелот во вашиот дом или да внесете нов, не треба да се влече по подот, туку да се помести со подигање и потоа да се стави на саканото место со нежно спуштање. Секое грубо ракување со мебелот може да го оштети.
Заштитете го вашиот мебел од премногу светлина и топлина
Производите не смеат да бидат изложени на директна сончева светлина или директен извор на топлина. Дрвен мебел оставен на силно светло долго време може да ја промени својата боја. Затоа, обидете се да го заштитите вашиот мебел секогаш кога е можно.
Правилно и редовно чистење на плочестиот материјал
Чистењето е еден од најдобрите начини да се грижите за вашиот мебел. Насобраната прашина, дамки или друга нечистотија негативно ќе влијаат на квалитетот на вашиот мебел, кој без соодветно одржување може да ја изгуби својата убавина, квалитет и сјај.
За редовно чистење на лакирани површини, се препорачува да се користи чиста и мека памучна или микрофибер полувлажна крпа. После тоа, треба да ја избришете површината со сува крпа. Следете ги препорачаните методи за чистење и избегнувајте груби средства за чистење бидејќи може да го оштетат финишот.
Матираните површини не треба да се притискаат многу силно и да се тријат со крпа долго време, бидејќи на тие места ќе се појави сјајна површина.
Заштитете го вашиот мебел од дамки и флеки
Треба да се внимава течност да не се излее на мебелот и да не остане долго време на површината, како на пример алкохол, кафе, сок, вино и слично, бидејќи во спротивно ќе остане дамка.
Водата исто така многу често остава дамки на дрвото кои подоцна тешко се отстрануваат. Избегнувајте да ставате мокра чаша или вазна за цвеќе директно на површината на масата, комодата и другиот мебел. Користете чаршави или флекери бидејќи тие едноставно и ефективно ќе го заштитат вашиот мебел и можат да бидат и исклучително убава декорација.