Новомак со задоволство ви ги најавува новите декори на обработени лакирани фурнирани медијапански панели Shinnoki од реномираниот белгиски бренд Decospan. Панелите Shinnoki комбинираат природен изглед со издржливост и лесно одржување. Тие се разликуваат по нивниот извонреден квалитет, високата функционалност и атрактивен дизајн.

Колекцијата Shinnoki нуди селектирани премиум продукти со современи и класични тонови кои беспрекорно се вклопуваат во секој стил и палета на бои во вашите проекти.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе за брендот Decospan и новата колеција Shinnoki. 



Кој е Decospan?
 


Страста за дрво во Decospan потекнува уште од нејзините основачки денови во 1978 година со Urbain Desmet. Посветен семеен бизнис, претприемачкиот дух и страста кон дрвото се пренесуваат низ генерации, создавајќи уникатна посветеност и менталитет за напредно размислување. Присутно и во денешната водечка трета генерација. Брендот Decospan е насочен кон развивање комплетни решенија за животниот стил. Во светот на дрвениот фурнир го истражуваат целосниот потенцијал за тоа како овој благороден производ може да се обработи во мебел.

Decospan се препознатлив по колекцијата Shinnoki која ја истакнува величественоста на дрвјата и природниот свет. Секој панел раскажува приказна за секое дрво и за мајсторството, комбинирајќи традиција, модерна технологија и внимание на секој детал. Тоа е природа во своето најдобро издание.

Decospan користи премиум дрво со врвен квалитет од одржливи шуми. Мајсторите го имаат првиот избор, гарантирајќи ви ја најексклузивната естетика за вашиот ентериер. После внимателна селекција, тие беспрекорно ги спојуваат сноповите, резултирајќи со уникатно изработен лист. Без разлика дали користите дрво како ѕвезда на вашиот ентериер или како безвременска позадина за да го истакнете вашиот мебел и аксесоари. Широката селекција на фурнири обезбедува дека ќе го пронајдете вашиот Shinnoki. Без разлика како живеете и каков стил преферирате.

Фурниран лакиран медијапански панел – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Infinity Oak – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Sahara Oak – Decospan, Shinnoki I Новомак


Обезбедувајќи им на нашите клиенти соодветни алатки и информации за интеграција на убавината на вистинското дрво во секојдневната средина за живеење или работа, Новомак ве води еден чекор поблиску до создавање свет исполнет со прекрасни природни амбиенти од дрво.



Бенефити од панелите од Shinnoki


Преку внимателно развиени технологии и вештини во обработката на дрво, панелите Shinnoki нудат бројни предности кои ги прават идеален избор за секој ентериер. Овие панели комбинираат естетика, издржливост и функционалност, овозможувајќи ви да создадете стилски амбиент. Во продолжение, ќе ги разгледаме главните бенефити на овие висококвалитетни панели, кои ќе ве убедат во нивната супериорност.

  • Чувство на допир – Оптимизираните, најсовремени техники како и умешноста во длабокото четкање на површината на дрвото обезбедуваат нежен допир, што го прави Shinnoki најпријатното дрво на пазарот. Новиот супер мат финиш ја истакнува убавината и топлината на дрвото, додека длабокото четкање ја изразува автентичната текстура на секоја пора.
Бенефити од панелите Shinnoki - чувство на допир I Инспирација

Чувство на допир

Бенефити од панелите Shinnoki - заштита од течностиI Инспирација

Заштита од течности

Бенефити од панелите Shinnoki - отпорен на гребењеI Инспирација

Отпорен на гребење

  • Заштита од течности – Опсежните истражувања и развој доведоа до зголемена заштита од течности, што ги прави панелите на Shinnoki опција за хоризонтална употреба (хоризонталната употреба не се препорачува за кујнски површини и бањи). Напредната технологија за завршна обработка продира во порите на секој панел на Shinnoki, обезбедувајќи заштита од капки и излевање.

  • Отпорен на гребење – панелите од Shinnoki се цврсти и стилски. Нивниот најдобар финиш во својата класа е резултат на шестслоен процес на лакирање. Овојк процец обезбедува врвна заштита од микро гребнатини без да се загрози допирот, бојата и изгледот. 
Фурниран лакиран медијапански панел Terra Sapele – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Shadow Eucalyptus – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел – Decospan, Shinnoki I Новомак


Врвна изработка и изглед за сечиј вкус


Занаетчиски процес на производство користи уникатна техника на спојување, овозможувајќи им на мајсторите да создадат хармонична површина од избрани делови фурнир, без да се наруши квалитетот. Дрвата Shinnoki се добиваат од одржливи шуми со сертификат FSC-сертифицирани одржливи шуми. Shinnoki нуди одбрана колекција на современи, класични тонови кои без напор се совпаѓаат во секоја палета или стил што се бара од вашиот проект.

Фурниран лакиран медијапански панел Natural Oak – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Ivory Infinity Oak – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Pure Walnut – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Desert Oak – Decospan, Shinnoki I Новомак
Фурниран лакиран медијапански панел Burley Oak – Decospan, Shinnoki I Новомак


Она што го гледате, тоа и го добивате


Готовите површини и лесно достапната палета на панели, фурнири и кант траки го прават Shinnoki практична визија за вашиот ентериер. Некои дизајни може да се комбинираат со паркетни подови или Астрата летви и кустики, обезбедувајќи конзистентно решение за дрво за вашиот посакуван проект.

Готовите површини и лесно достапната палета на лакирани фурнирани медијапански панели, фурнирани листови и фурнирани кант траки го прават Shinnoki практична визија за вашиот ентериер.

Едноставно, Shinnoki го истакнува најдоброто од дрвото.


Брендот Decospan и колекцијата Shinnoki ексклузивно можете да ги најдете во Новомак.
Посетете го нашиот изложбен салон или погледнете ја целосната колеција на лакирани фурнирани медијапански панели онлајн.


 
Новомак совети за одржување
 


Вообичаеното одржување не вклучува само отстранување на прав со мека, сува крпа. Може да се користи и малку влажна крпа, но избегнувајте да користите премногу вода. Доколку се истурат течности, се препорачува веднаш да се исушат. Цврстата нечистотија може да се отстрани со вода и благо средство за чистење или детергент. Никогаш не користете средство за чистење базирано на ацетон или етил бутил ацетат без да се консултирате со Decospan, бидејќи овие супстанции можат да остават траги кои не можат да се отстранат. Производите на база на восок и масло исто така може да предизвикаат штета.

Создадете уникатен ентериер со панелите од Shinnoki I Инспирација
Создадете уникатен ентериер со панелите од Shinnoki I Инспирација