Секој дел од домот треба да биде среден под конец за да можете лесно и во секој момент да дојдете до она што ви е потребно, а притоа најлесно е доколку во фиоките имате добар организатор. AMBIA-LINE e вистинскиот избор бидејќи со неа можете да ја приспособите внатрешноста на вашите потреби и на секој тип на артикли за складирање.
Рамките се дизајнирани за непосредно користење и се вклопуваат во секоја фиока и се погодни за сите станбени простории. Оттаму добивате одлична можност за комплетна среденост, но и постојана достапност на секој од предметите кои ви се потребни.

AMBIA-LINE внесува прекрасен ред во секоја фиока. Тенките рамки на системот за внатрешна поделба може да се користат на многу начини за организација на внатрешноста така што добивате убав избор и доста комбинации.

Покрај тоа со AMBIA-LINE добивате елегантен дизајн, прегради кои лесно се прилагодуваат на содржината во фиоките, но и лесно ракување.
AMBIA-LINE организација за фиоки

За прибор за јадење

За прибор за јадење

За складирање намирници

Режач за алуминиумска и најлонска фолија

Држач за ножеви

За пластични садови

За мали предмети

Држач за чинии

За средства за чистење на прибор