Новомак го збогати својот асортиман со уште еден реномиран светски бренд Fischer. Во нашата понуда од сега можете да ги пронајдете најквалитетните типли, шрафови и бургии кои можете да ги примените во вашите проекти, нудејќи им на вашите клиенти премиум квалитет. Oвие продуктите нудат идеални решенија за архитектите и столарите дури и за најтешките проекти.

Тие се иновативни, лесни за примена, брзо се монтираат и ги поседуваат сите сертификати за квалитет.

За да може еден простор да стане компактна целина, потребно е да носи личен печат и да ги отслика луѓето кои живеат во него. Изборот на вистинските материјали за вашиот дом не треба да биде избрзана одлука. Сакате нешто што изгледа добро, а исто така практично и долготрајно. Новомак нуди широк асортиман на материјали за да ги задоволи најуникатните барања, но пред да се упатите во нашиот изложбениот салон, може да биде корисно да си ги поставите овие прашања:

  • Како сакате да изгледа вашиот дом, што одговара најмногу на вашиот животен стил?
  • Сакате ентериер во кој ќе уживате долги години или сте повеќе склони кон чести промени?
    (Ова во голема мера ќе влијае на изборот на материјали и парчиња мебел)
  • Ви треба ли повеќе простор за складирање или не?

Брзината и безбедноста се бесценети со Fischer

 

Fischer e формиран во 1958 година, брендот е синоним за безбедни, иновативни и софистицирани технички решенија за прицврстување. Поставување нови стандарди во прицврстувањето е дел од нивната традиција. Со Fischer, на прво место е решавањето на проблемите и предизвиците во прицврстувањето а најдобар доказ за тоа е широката палета на производи која опфаќа над 14.000 различни производи.

Типла Duo Power од брендот Fischer I Новомак

Fischer има најмногу Европски Технички Одобренија (ETA) во својата област и секоја година поднесува 14.19 патенти на секои 1000 вработени во Германија (индустрискиот просек е 0.58 патенти) што го позиционира на третото место во Германија по број на патенти годишно.