Кујнскиот аспиратор ги отстранува непријатните миризби, пареата и димот кои се создаваат при готвењето, така што престојот во просторијата го прави попријатен и комфортен. Тој е незаменлив помошник на современата домаќинка. Освен што го прочистува воздухот, тој го спречува и таложењето на мрсни честички по мебелот и создавање на кондензација во кујната.

 

 

Како правилно да го користиме кујнскиот аспиратор?

 

Современата кујна се почесто не е одвоена во посебна просторија. Таа се претвара во функционално соединение на кујна, трпезарија и хол. Во тој случај потребата од добар аспиратор е задолжителна, кој освен што ќе ги елиминира непријатните миризби, ќе спречи налагање на мрсни честички по мебелот, како и создавање на кондензација во просторијата. Ете зошто е неопходно да бидете запознаени како најоптимално се користи аспираторот.

 

 

1. Аспираторот треба да се вклучи една минута пред почетокот на готвењето.
2. Се препорачува работата на аспираторот да продолжи 10 минути и по завршување на готвењето. На тој начин се елиминираат миризбите, се суши внатрешноста на аспираторот и воздуховодите, се спречува создавање на кондензација во режим на филтрирање и се сушат филтрите на активен јаглен (доколку ги има).
3. Филтерот на активен јаглен се троши, кој во зависност од интензитетот на готвење треба да се менува на одреден временски период – на секои 2, 3 или 4 месеци.
4. Важно е да се обезбеди проток на чист воздух во кујната кој ќе спречи создавање на кондензација во просторот, која може да ја влоши работата на аспираторот (природна вентилација, прозори, врати и тн.).
5. Воздуховодот не треба да се поврзува со одводи на печки и камини, и кон вентилациони одводи на бањи и тоалети.
6. Не се препорачува изградба на камини во простории во кои има аспиратор.
7. Мрснотиите и пареата се таложат и се задржуваат на филтрите кои ги има секој модел на аспиратор. За овие филтри да функционираат правилно, во зависност од интензитетот на готвење, истите треба да се чистат барем еднаш на секои 2 месеца.

 

Како да го исчистиме кујнскиот аспиратор

 

За постапката на чистење на филтерот од аспираторот потребни се:

– врела вода;
– средство Starglanz
– неабразивна четка за чистење;
– хартиени бришачи.

 

  • Извадете го филтерот од аспираторот.
  • Потопете го во врела вода во мијалникот или друг сад – Што е потопла водата, постапката е поефективна. Може да се употреби топлата вода од бојлерот во кујната.
  • Ставете од средството на четката .
  • Поминете со четката и убаво истријте го филтерот.
  • Оставете го филтерот 10-тина минути.
  • Истријте го филтерот повторно – со неабразивна четка тријте го филтерот за да излезе мрснотијата под топла вода
  • Исплакнете го филтерот и исушете го со хартиени бришачи.
  • Вратете го филтерот во аспираторот.

 

Исто така со Starglanz можете да го исчистите и надворешниот дел на аспираторот за да добиете неодолива светлина. Со редовно чистење на филтерот Вашиот аспиратор ќе трае подолго, додека со неговото надворешно одржување никогаш нема да имате потреба да го замените со нов.