HPL ламинатот е направен од хартија и полимер на начин кој поминува низ процесот на импрегнирање, а потоа се обработува под висок притисок и топлина.

 

HPL-от има извонредни квалитативни својства, и затоа наоѓа одлична примена во производството на мебел и внатрешно уредување.

 

HPL површините се екстремно отпорни на абење, надворешни оштетувања и гребаници. Исто така се отпорни и на светлина. Освен тоа, овие површини се отпорни на сите вообичаени хемикалии за домаќинствата, запалени цигари или топли тавчиња.

 

HPL ламинатите се најчесто со дебелина од 0,8 до 1 милиметар и се погодна за поврзување со сите плочести материјали. Достапноста на бои и декори е навистина голема и можат да се вклопат во секој проект.

 

Погодни се за одлоги на работни површини како што се кујнски работни површини, рецепција, обложување на заоблени елементи ( шанкови, пултови, ѕидови ).

 

Се повеќе хотели ги користат HPL-те како идеален материјал за сите нивни простори каде што има поголема френквенција и интензивна експлоатација на намештајот, како и искористувајќи го истиот декор за обложување на ѕидови, намештај, врати и сл.

 

 

Сите Egger-ви декори на оплеменета иверка се достапни по нарачка и како HPL фолија, при што минималната количина за нарачка е 1 фолија.

 

Фолиите се достапни во достапни во големини од XS до XL. 

 

За подетални информации контактирајте ги вработените во Новомак.