Иновативни решенија за мали простори Atim механизми

Нови практични мултифункционални решенија во понудата ексклузивно достапни само во Новомак. Секогаш следејќи ги светските трендови во индустријата на мебелот, Ви нудиме премиум производи и решенија од италијанскиот бренд Аtim кои можете да ги примените во Вашите проекти.

Atim механизми овозможуваат максимално искористување на просторот (погодни за компактни простори) и секојдневно ја олеснуваат работата во кујната. Може да се применат како дополнителна работна површина за подготвка на храна, маса или како работна маса за канцеларија.


 

Кој е Atim?


 

Повеќе од 20 години Atim се партнери на најголемите компании во Италија и светот во индустријата на мебелот. Продуктите на Atim се иновативни, креирани со најсовремени технологии, и производите од алуминиум се 100% произведени во Италија.

Atim механизмите овозможуваат максимално искористување на просторот и се практично решение за мали простории. Благодарејќи на нив добивате дополнителна работна површина или кујнска маса која лесно се извлекува и поставува.

Механизмот Lunch е систем кој овозможува извлекување на дополнителна маса од стандардна кујнска фиока. Со едноставно отворање на фронтот на фиоката со шарки добивате поголема функционалност дури и во лимитирани простори. Практично и долготрајно решение кое сè почесто се применува во малите кујни како маса или дополнителна работна површина за подготвување на храна. Максималната должина на извлекување од 895mm обезбедува доволно простор за удобна примена.

Механизмот T-Able XL е иновативен систем кој го заштедува и го користи максимално просторот во кујната. Се применуваат 3 парчиња на работна површина со вкупна должина од 1310mm, а со помош на телескопската ногарка на преклоп се гарантира голема носивост (преку 100kg) гарантирајќи стабилност и исполнување на највисоки стандарди на квалитет. Целиот систем е изработен од алуминиум со ексклузивна технологија од Atim што го прави целиот механизам повеќе робустен и исклучително лесен за манипулација.

Системот овозможува брзо додавање на дополнителна работна површина на Вашиот мебел со едноставно извлекување од под работната плотна. Со само едно движење и Opla Top е поставена и спремна за примена. Брзо решение за уживање на дополнителна работна површина во секоја просторија, посебно во кујната додека готвите или уживате во храната.

Механизмот Opla е систем кој овозможува зголемување на просторот за готвење и јадење во кујната. Тој овозможува извлекување на маса која е лоцирана под работната плоча. Со едно движење, Opla се извлекува и позиционира рамно со работната плоча. Брзо и едноставно решение за дополнителна работна површина во кујната. Opla е изработен од алуминиум со ексклузивна технологија од Atim што го прави целиот механизам со голема носивост, долготрајност и цврстина.

Со механизмот Desk ја трансформирате вратата на елементот во маса, користејќи го внатрешниот дел за скалдирање и вратата како дополнителна маса. Се што треба да направите е само да ја отворите вратата. Со комплексен систем на ротации, Desk е истовремено лесен за употреба и лесно применлив во постоечки елементи. Може да се применува во повеќе простории: во кујна како дополнителна работна површина, во домашна канцеларија, во детска соба, во бања итн.

Високоопремени кујни добиваат сè поголема популарност во светот на мебелот. Со помош на механизмот Universal секоја кујна ги зголемува своите перформанси. Тој креира дополнителна работна површина која овозможува примена на мали кујнски апарати со голема слобода на движење. Систем изработен од алуминиум кој нуди лесно отворање со една рака и истовремено отпорност и стабилност со голема носивост од 80kg.

BLACK FRIDAY ЗАПОЧНА! 🎈


Ексклузивни попусти до 60%
на внимателно одбрани брендови и производи – 
квалитет што трае, дизајн што инспирира и вредност што вистински се чувствува.

Искористете ги попустите до 02.12.2025