Како да ја одберете најдобрата боја за кујна

Кога избирате бои за вашата кујна, постојат неколку работи што треба да ги имате во предвид. Вашиот избор на бои влијае и на атмосферата и на функционалноста на кујната. Со земање предвид на големината, стилот и осветлувањето на кујната, можете да создадете простор кој е истовремено пријатен и личен.

Во Новомак, покрај широкиот асортиман на материјали ќе добиете и професионална поддршка при секој чекор од креирањето на вашата кујна со нас. Нашите архитекти и стручни лица се тука да ви помогнат при изборот на плочести материјали, декори и бои со цел да ја добиете кујната што совршено одговара на вашиот стил и потреба. Во нашиот салон ќе најдете најголем избор на декори и бои на плочести материјали како и богат избор на кујнски оков и додатоци се она што ви е потребно за функционална и естетски усовршена кујна по мерка.

Како да ја одберете најдобрата боја за кујна | Инспирација

 

Изберете ја вистинската боја за вашата кујна

 

 


Кога избирате боја за вашата кујна, важно е да размислите како боите влијаат на чувството што го создава просторот. Светлите бои можат да направат малата кујна да изгледа попространо, додека темните бои даваат софистициран и поудобен амбиент. Земјените тонови внесуваат топлина и хармонија, а акцентните бои додаваат живот и личност.

Светли бои во кујната


Светли бои како бела, беж и светлосива создаваат лесен и простран впечаток. Ако имате помала кујна и сакате да ја засилите природната светлина и да направите просторот да изгледа поголем, светлата боја е одличен избор.

Акцентни бои во кујната

Со вметнување на смели акцентни бои, како интензивно црвена, портокалова или длабока зелена, му давате на вашиот простор поперсонализиран и уникатен изглед. Акцентните бои можете да ги користите и во детали како ѕидни плочи, работни површини или декоративни елементи за впечатлив контраст што ја збогатува целокупната колор палета.

Топли бои во кујната

 

Бои како песочна, маслинесто зелена и теракота создаваат топло и пријатно чувство што се усогласува со природни материјали. Земјените топли бои се одличен избор за кујни во рустичен стил, каде што придонесуваат за удобна и хармонична атмосфера.

Темни бои во кујната

Палетата на темни бои со нијанси како темносина, темносива или темнозелена даваат елегантен и пријатен изглед. Темните бои особено добро одговараат за големи кујни и може да се комбинираат со детали од дрво или не’рѓосувачки челик за да се создадат интересни контрасти.

Како да ја одберете најдобрата боја за кујна | Инспирација


Прилагодете ја бојата според стилот на кујната

 

 


Изборот на бои според стилот на кујната создава кохезивна и пријатна атмосфера. Без разлика дали преферирате рустична кујна, модерна кујна или кујна инспирирана од ретро стилот, правилниот избор на боја може значително да го унапреди изгледот на просторот. Се разбира, можете и да комбинирате различни стилови и бои за да создадете персонализиран и уникатен дом.

Бои за рустична кујна

Во рустичната кујна, земјените бои како беж, песочна и маслинесто зелена се одличен избор. Овие пригушени тонови создаваат меко и топло чувство што се усогласува со дрво, керамика и други природни материјали, при што се добува пријатен и домашен амбиент. За подотеран изглед, добар избор се и нијансите на сина и толпа жолта.

Бои за модерна кујна

Модерните кујни често се минималистички и добро се комбинираат со неутрални бои како бела, сива и црна. Монохроматската палета создава елегантен и софистициран изглед, кој може дополнително да се нагласи со детали од не’рѓосувачки челик за поиндустриски амбиент. 

Бои за ретро кујна

Светли и смели тонови како сина, жолта и зелена се совршени за кујна инспирирана од ретро стилот. Може да комбинирате и повеќе бои за да создадете разиграна и уникатна атмосфера, и да ги спарите со хромирани или шарени површини за автентичен ретро изглед.

Бои за скандинавска кујна

Во скандинавската кујна, светлите и природни тонови како бела, сива и беж се одличен избор. Овие бои ја максимизираат светлината и создаваат воздушен и прочистен изглед. Слободно комбинирајте ги со дрво за да внесете топлина во просторот.


 

Изберете боја според големината на кујната

 

 


При изборот на бои, важно е да се земат предвид и големината на кујната и начинот на кој природната светлина влегува во просторот. Со прилагодување на боите според димензиите на кујната и протокот на светлина, можете да создадете хармонична кујна каде боите се во склад со просторот.

Бои за мали кујни

Во помалите кујни, светлите бои како бела, светлосива и беж помагаат да се создаде чувство на простор и отвореност. Овие бои ја рефлектираат светлината и прават кујната да изгледа поголема. За да додадете карактер, можете да вклучите акцентни бои – на пример, на работните површини, ѕидните плочи, мебелот или во мали детали – кои внесуваат живост без да го преоптоварат просторот.

Бои за големи кујни

Големите кујни дозволуваат експериментирање и со светли и со темни нијанси. Подлабоките бои како темносина, темносива или темнозелена создаваат пријатно и луксузно чувство. Со комбинирање на овие бои со светли елементи – на пример, ѕидови или кујнски остров од светол даб – можете да постигнете контраст и урамнотежен целосен изглед.


 

Размислете за вкупниот изглед на вашиот дом

 

 


Ако имате отворен распоред на просторот, добро е да одржите иста колор-тема како и во соседните простории за да создадете поврзано и усогласено чувство. Ова придонесува домот да изгледа внимателно планиран и визуелно ускладен.


 

Користете слични нијанси

 

 


За да постигнете конзистентен и хармоничен стил во кујната, најдобро е да се придржувате до слични нијанси. Боите на ѕидовите и кујнските елементи не мора да бидат идентични, но користењето различни тонови од истата боја може да создаде убаво чувство на единство. Исто така, размислете дали сакате да доминираат топли или студени тонови, во зависност од атмосферата што сакате да ја постигнете.