Како изгледала вашата соба кога сте биле дете? Претпоставуваме дека не се баш како овие шарени, креативни и несомнено кул простории. Овие детски соби ќе ви послужат за инспирација и црпење на идеи за креирање на катче во кое вашето дете ќе ужива.

Прочитајте за инспиративни детски соби кои се подеднакво разиграни и шик.

Kреативни идеи за уредување на детска соба I Инспирација

Модерeн дизајн на детски соби

Детските соби во современ стил се стилски и забавни со мебел кој е едноставен, а сепак функционален и тренди. Просторијата може да блесне со уметност во рамка, полици со плишани животни и перници во омилените бои на вашето дете! Детска спална соба е совршена за малиот авантурист во вашиот дом. Заедничка детска спална соба за браќа и сестри исполнета со пријатен шарм и совршен простор за играње на вашите деца или за одмор.

Модерeн дизајн на детски соби I Инспирација
Модерeн дизајн на детски соби I Инспирација
Модерeн дизајн на детски соби I Инспирација

Минималистички дизајн на детска соба

Ако сакате едноставно решение за да го решите нередот во детската соба обидете се со минималистичка соба! Минималистичката детска спална соба се состои од едноставен мебел, отворен простор и помалку неред. Исто така вашето дете може да се чувствува мирно во својот простор и да му овозможи мирен сон. Изберете нежни бои како бела, сива или светло сина и меки и удобни предмети како ќебиња и перници за дополнителна топлина и удобност.

Минималистички дизајн на детска соба I Инспирација
Модерeн дизајн на детски соби I Инспирација

Дизајнирање на детска соба со природни елементи

Негувајте ја природата! Додадете зелена и кафена палетата на бои, sидни мурални слики со дрвја и декоративни елементи со животински теми. Овие елементи се во тесна поврзаност со надворешниот свет, на овој начин просторот ќе биде одлично интегриран со природната околина и ќе се создаде еден робустен амбиент, а кај вашето дете ќе се создаде чувство дека е блиску до природата во текот на целиот ден.

Дизајнирање на детска соба со природни елементи I Инспирација
Дизајнирање на детска соба со природни елементи I Инспирација

Дизајн на морнарска детска соба

Дали имате дете што сака вода? Можеби имате мал морнар или сирена во вашата средина! Детската соба во морнарски стил може да биде забавен начин да ја оживеете љубовта на вашето дете кон плажата и сите работи покрај морето. Употребата на смирувачка палета на бои инспирирани од водата и природни материјали се добредојдени. Модерниот мебел и сината боја внесуваат леснотија во оваа детска спална соба.

Дизајн на морнарска детска соба I Инспирација
Дизајн на морнарска детска соба I Инспирација
Дизајн на морнарска детска соба I Инспирација