fioka

Фиоките во секој дом се користат од кујната до сите делови на домот, а Blum LEGRABOX нуди палета на бои и димензии кои совршено ќе се вклопат во сите простории во Вашиот дом, особено во кујната. Секоја фиока може да издржи до 40 килограми, обезбедувајќи сè што треба да се складира уредно.

SERVO-DRIVE фиоки со електрично отворање на допир. При отворање на фиоката потребен е само мал допир без користење ни малку сила за притисок по што фиоката ќе биде целосно отворена. Фиоката е функционална и доколку снема струја и може да се отвори без да му наштети на елктричниот уред – SERVO-DRIVE.

legrabox
tenki stranici

Тенки дизајнирани фиоки со импресивна ширина на страницата од 12.8mm, не завземаат простор и притоа изгледаат елегантно и модерно.

dostapni boi

Универзална палета на бои и димензии кои совршено ќе се вклопат со вашиот мебел. Материјалот е од нерѓосувачки челик што ги прави овие фиоки долготрајни.

upotreba na staklo

Дизајн вариации – Освен чисти метални страници, LEGRABOX нуди повеќе можности за комбинирање на страниците со стакло или плочест материјал, со што се добива уникатен дизајн.

tehnologija na dvizenje

BLUMOTION е технологија која овозможува лесно, меко и тивко затворање на LEGRABOX фиоките. Таа се приспособува во однос на тежината на фиоката и во однос на силата на затворање.

testirano

Фиоките на Blum се тестирани до 100.000 циклуси на отворање и затворање!

Тестирани при полн капацитет фиоките на BLUM издржуваат 100.000 циклуси на отворање и затворање. Предноста на овие фиоки е што функционалноста не се променува и после долги години користење.

Предности на Legrabox фиоката

legrabox

Споредба на Legrabox и Tandembox Antaro фиоките

legrabox vs tandembox antaro