Декорите на оплеменетите иверки значително влијааат врз атмосферата во целиот дом. Но кога ќе го започнете процесот на избирање на дизајн, најголемиот фокус најчесто се става на стилот и функционалноста. Но има еден важен фактор што и тоа како го менува целиот изглед на вашиот дом, а тоа се впечатливите бои. Избирањето на вистинските комбинации на бои е од клучен аспект за да ја добиете посакуваната хармонија во домот каде ќе уживате со семејството и пријателите.

За таа цел, одвоивме 3 примери на декори кои што ова лето се во тренд и совети како да ги изберете точните нијанси на бои.


Жолта боја

Одличен избор на боја доколку имате недостаток на светлина во домот

За смел дизајн изберете жолта боја. Жолтата боја влијае на нашите емоции и е одличен избор на боја за кујна или ходник, особено ако има недостаток на природна светлина. Светла и весела боја што внесува позитивност во срцето на домот. Жолтата боја е одлична за комбинирање со портокалова, бела или било која друга пастелна нијанса на декор. Изборот на декорации во оваа енергетска боја исто така е одличен избор.

 

Зелена боја

Боја за смирувачка атмосфера во домот

 

Ако првпат користите пастелна нијанса, зелената е сигурен избор. Свежа боја која добро изгледа во простории со помалку природна светлина. Одлично одговара со земјени тонови на декори, дрвени и со бел декор, кој кога се комбинира со нежна пастелна нијанса создава драматичен ефект и контраст. Ако ги комбинирате овие бои со обичен ратан или тапациран мебел, во бохо стил и ќе добиете елегантна и опуштена просторија која го претставува духот на летото.

 

Портокалова боја

Внесете позитивност во вашиот дом со портокалова боја

 

Доколку вашиот дом изгледа монотоно и барате брзо решение, декорот во портокалова боја ќе ви даде контраст и ќе обезбеди визуелно зголемување на просторот. Декорот во портокалова боја внесува топлина и гостопримливост во домот. Доколку се решите за кујна со овој декор, препорачливо е во просторијата да има што е можно повеќе декоративни детали во други бои. Исто така и присуството на белиот или црниот декор е важен за омекнувањето на агресивната црта на портокаловата боја. Друг важен детал во целиот дом е осветлувањето кое може да се искористи како декоративен елемент пред сè во кујната и трпезаријата.