Големи се шансите дека никогаш не сте помислиле на мелница за отпадоци од храна во вашиот дом. Она што ја прави мелницата за отпадоци од храна речиси неопходен уред во вашата кујна е фактот што го намалува отпадот во вашиот дом и ја сведува потребата за негово отстранување на минимум.

Мелницата не е магичен уред, но дефинитивно ќе ви го олесни животот

Размислете само како со намалување на отпадот ја намалувате и можноста за развој на бактерии и непријатни мириси во вашиот дом. Системот за мелење на отпадоци од храна работи така што ги претвара остатоците  во ситни парчиња.

Постојат неколку модели со различна јачина, но процесите на мелење се повеќе или помалку секогаш исти. Системот за мелење отпад не содржи ножеви, како што веруваат повеќето луѓе, туку специјални дискови кои користат посебен патентиран процес за мелење на храната.

Начин на користење

Се што треба да направите за мелење на отпадоците од храна е да пуштите да тече ладна вода, да ја вклучите мелницата и потоа да ги фрлите отпадоците. По нивното мелење потребно е водата да тече уште 30-тина секунди за да се исплакне отпадот. Мелницата е монтирана директно на вашиот садопер, а сифонот води од мелницата до вашиот одвод. Таа лесно и брзо може да се монтира без примена на специјален алат, но наша препорака е секогаш монтажата да ја врши стручно лице.

Мелницата за отпадоци е погодна за следниве отпадоци од храна:

  • Ситни коски
  • Лушпи
  • Остатоци од месо
  • Лушпи од овошје и зеленчук
  • Тестенини и тн.

Лесно одржување на вашиот омилен помошник во домаќинството

За почеток, никогаш не преполнувајте го садоперот и редовно вклучувајте ја мелницата за да не остане отпадот во садоперот. Бидејќи постои можност за задржување на остатоци од храна, ќе биде неопходно да се исчисти. За одржување на мелницата потребно е да се пушти ладната вода да тече, се ставаат 3-4 коцки мраз и средство за садови. Кога мелницата ќе ги сомеле коцките мраз потребно е водата да тече уште 30-тина секунди.

Со задоволство сакаме да ви најавиме дека асортиманот на Новомак се проширува со италиjaнскиот брендот Еlleci. Од Elleci ни пристигнуваат нови мелници за отпадоци од храна, препознатливи по својот дизајн, овие мелници за храна ги намалуваат вибрациите и бучавоста до 40% и важат за едни од најквалитетните мелници за храна на светскиот пазар. Доаѓаат во две групи:

  • Едната група е од ексклузивната колекција LAB изработена со иновативен дизајн и италијански квалитет.
  • Другата група e Green Power и се разликува од првата само по тоа што има различна моќност.