Се соочувате со дилема?! Имате мал простор предвиден за кујна, а сакате да ги сместите сите кујнски елементи и апарати во тој простор. Секогаш постои решение, како и начини за заштеда на простор, но треба да се придржувате до советите со што ќе добиете и доволно голема широчина и функционалност на комплетниот простор во кујната.
Многу е важно да се разбуди креативноста и да се создаде вистинскиот распоред. Секако, добредојдена е помош од професионалците, но пред да се обратите кај нив добро е да се знаат неколку работи кои би ви биле од огромна помош.
Во кујната се поминуваат неколку часа во текот на денот така што треба да биде убаво средена, боите да го даваат потребниот мир и уживање дури се подготвуваат оброците, а исто така и сите садови или намирници да ви бидат при рака. Затоа мора да се внимава и мора да се мисли на две работи: функционалноста и естетиката.

Направете работен триаголник

Kujna---raboten-triagolnik

Функционалноста во кујната е максимално важна, дури за многу експерти и најважна бидејќи од тоа како ќе ги распоредите апаратите и работните плочи ќе зависи и функционирањето во неа. Потребно е да направите триаголник во поставеноста меѓу шпоретот, фрижидерот и садоперот, при што садоперот би требало да биде во центарот на овој работен триаголник (во оваа ситуација многу подобра ќе биде формата на квадрат). Работниот триаголник во кујните е малку застарен, но е доста корисен. Се темели на тоа шпоретот, фрижидерот и садоперот да бидат во близина еден до друг. Воедно во мала кујна можете да комбинирате со помали куќни уреди кои би ви биле добра варијанта за заштеда на просторот.

Да се искористи секој сантиметар

Со оглед на малиот простор многу е важно секој сантиметар да биде искористен на најдобар можен начин. Предлогот е горните елементи на кујната да бидат високи речиси до плафонот и да бидат длабоки до 30 сантиметри, што дава огромен простор за ставање на работи. Таму можете да ги поставите оние садови кои ги користите многу ретко односно 3-4 пати во текот на една година. Тука одлична опција се механизмите за висечки елементи на Aventos со кои добивате механизам за подигнување на еден или на два фронта.

Висината на работната плоча според висината на готвачот

mala-kujna-2

При иведбата на кујните многу е важна висината на која ќе биде поставена работната плоча. Многу е важно пред да се направи кујната да се имаат мерките односно висината да е одговарачка со готвачот односно да нема проблеми со кревање на рацете над висината на лактите или да мора да се наведнува доколку е повисок.

Добра организација за подобра функција

За да го добиете она што го посакувате многу е важно добра организација на кујната односно добар распоред на сите садови кои ги имате и помагала. Организаторите за фиоки, како и преградите за шишиња на Blum се одлична варијанта за да се добие посакуваниот простор, но и да се извади максимум од секој дел од кујната.

Рачките даваат своја естетика, но…

tandembox-antero-space-corner

Кај елементите во мала кујна рачките би требало да бидат помали и со што е можно поедноставни линии. Добра комбинација се и елементите без рачки, a во дизајнот добро би се вклопиле фиоките Legrabox или Tandembox кои ќе имаат тивко затворање. Воедно може да се покријат и аглите со аголните фиоки Tandembox Antaro Space Corner со што би се искористил и тешко достапниот простор на најдобар можен начин.

Светли бои за визуелно поголем простор

 

За малите кујни препорака се сите варијанти на белата боја, како и другите светли тонови (светло сиво, светло розе…). Еднобојните кујни се најдобро решение бидејќи шаренилото дополнително би го намалило просторот.