Гардероберот е едно од најважните парчиња мебел во спалната. Земајќи ја во предвид неговата честа употреба во домот треба да биде функционален и да одговара на Вашиот стил. Најпрво треба да се одлучите каков тип на гардеробер ќе изберете и кои материјали ќе ги користите за изработка. Новомак ви нуди голем избор на плочести материјали со различни структури и вискоквалитетен оков. 

 

Типови на гардеробери

 

Стандарден гардеробер

 

 

 

Вграден гардеробер

 

 

 

Собен гардеробер

 

 

 

Избор на материјали

 

Гардероберот не е само место за чување на облеката. Неговиот дизајн, боите и изборот на дезенот и структурата придонесуваат за целокупниот изглед и амбиентот во спалната соба. Постојат многу опции околу изборот на материјалот кај што секој “финиш” создава различен изглед и амбиент. Во продолжение ќе Ви помогнеме околу изборот на материјали и како да создате гардеробер кој ќе изгледа модерно, елегантно, луксузно и ќе одговара на Вашиот стил.

 

 

Предности и недостатоци на оплеменети плочи од иверки

 


Иверицата е евтина, лесна за оддржување и чистење што ја прави најкористена за изработување на мебел по мерка. Од нејзе најчесто се изработува корпусот на мебелот, значи се тоа што не се гледа, но често се користи и за фронтови на плакари и гардеробери, кујни и работни клупи.
Тоа е всушност материјал кој се добива од иситнето дрво или други лигноцелулозни материјали кои меѓусебно се поврзани со органско лепило со помош на висока температира, притисок, влага и зацврстувачи обложена со меламинска фолија. 
Постојат различни дебелини на плочи и тоа:
18/16mm најчесто се користи за изработка на фронтот и корпусот.
25mm се користи кај што треба да издржи тежок терет или дизајнот на просторот бара толкава дебелина.
8mm се користат за да може да издржи лесен терет.
Фолијата со која се обложени може да биде еднобојна (безвременски и хармонични со суптилна елеганцијаили дрвен декор (воодушевуваат со својот природен изглед и автентичност). 

 

 

 

 

Предности и недостатоци на медијапан?

 

Материјалот добиен кога се пресираат дрвени влакна со струготини и посебно лепило се нарекува медијапан. Поради ова плочите од медијапан се погусти, потврди и поотпорни во однос на ивериците и исто така се многу едноставни за обработка. Неговата површина се обработува со брусење, а потоа со повеќеслојно лакирање. Затоа поради фарбање неговите рабови се убави, чисти и изедначени што и дава визуелна предност пред иверките. Во Новомак тие разлики се незабележителни благодарејќи на кантирањето со PUR лепилата.
Најчеста дебелина на медијапанот е 18mm што го прави практичен за изработка на фронтови. Медијапанот има одлични карактеристики и е отпорен на влага. Доколку сакате да постигнете висок сјај дополнително се лакира. За крај предности на медијапанот се цврстина, можност за различно обликување, голем избор на нијанси поради лакирање.