Тимот на Новомак, е во постојана потрага по продукти кои го олеснуваат секојдневието на клиентите и продукти кои го прават просторот посебен. Со продуктите на Peka се запознавме уште во 2018та на саемот за мебел во Pordenone, Италија. По направеното истражување за заинтересираноста на овие продукти во Македонија, во 2019та, од фабриката на Peka ја направија првата обука на нашите вработени, за сега со гордост да можеме да Ви ги претставиме продуктите кои претставуваат иновативност, квалитет и луксуз по кој трагавме подолго време.

Колекција FIORO

Неодолива комбинација на дрво и метални панели, во хармонична целина. Новиот тренд на отворени кујни кон дневната соба креира простор за готвење, живеење и релаксирање. Од тука, се јавува потребата да се посвети повеќе внимание на кујната и материјалите кои ќе се употребуваат при нејзина изработка.

Fioro полиците со дабово дрво ни даваат слобода за персонализација, се што треба е да ја пуштиме креативноста на слобода. Може да ги комбинирате со стакло, компакт, алуминиум или било кој друг материјал кој ќе го одберете. Исто така фронтовите од дабово дрво може да ги изгравирате по желба, што би ги направило уште подобри.

Колекција LIBELL

Комбинацијата на топли природни бои со мат е последниот тренд во светот на мебелот. Дрвото и металот, пред се даб и челик се композиција што се надополнува.

Отворената кујна и погледот од дневната кон кујната направиа стилот, дизајнот и функционалноста да бидат поважни од било кога. Па, така доколку користите светло дрво во просторот, антрацитната колекција Libell е вистински избор за Вас. Тенки минималистички линии кои ќе ја доловат елеганцијата во Вашиот простор.

Повеќе за продуктите на Peka може да видите во оваа брошура.