Би сакале да Ве известиме дека нашата палета на кујнски батерии се збогатува со реномираниот италијански бренд Nobili, бренд којшто нуди врвна технологија, италијански дизајн и пред се загарантиран квалитет. Батериите подлежат на 20 год. гаранција со кое уште еднаш се докажува технологијата и квалитетот кои цврсто стојат зад сите избори на Nobili почнувајќи од 1950-тите па се до денес. 

Кујнските батерии на Nobili се совршен спој од непрекината функционалност и совршена естетика. Она што може да го издвоиме е дека овој бренд на пазарот нуди високи стандарди на квалитет со незначително влијание врз животната средина. Кујнските батерии на Nobili се совршен спој од непрекината функционалност и совршена естетика.  

0
ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА

Површински третмани

 

Изборот на завршна површина на батеријата е клучен фактор во дизајнот на кујната. Затоа  Nobili се посветени на производство на батерии кои изгледаат одлично и траат долго, притоа почитувајќи ги најстрогите еколошки прописи.

Најдобрата опрема и најнапредните технолошки ресурси им се на располагање, со цел да се постигне сјаен и брилијантен финиш и да се гарантира најголема одржливост. Благодарение на целосната контрола во управувањето со употребените супстанции го имаат најдобриот  начин за заштита на животната средина и на здравјето.

Магнезиум минерална вода

Филтерот AQA Drink Magnesium се обработува со иновативната технологија BWT која ја трансформира водата од чешма во минерализирана вода со магнезиум, благодарение на процесот на филтрирање кој се одвива во пет чекори и одстранува мириси, вкусови,несакани материи како хлор и тешките метали (бакар, олово или никел).

PVD третман

Иновативен метод за завршни облоги кој овозможува создавање на многу квалитетни површини во однос на естетиката (униформност, флексибилност, опсег и сјај на бои) и во однос на отпорност на триење и одржување на естетските карактеристики со текот на времето, за целосно задоволство на клиентите.

Стил што ја нагласува вашата кујна

Естетскиот аспект отсекогаш бил важен критериум за избор на батерии во кујната. Во овој контекст брендот Nobili  ви нуди многу богата и разновидна понуда. Способноста на дизајнерот лежи во предлагањето на несомнено корисни решенија  како совршено да се спојат со стилот на кујната, а воедно да имаат и функционалност. Така наоѓаме кујнски батерии со исклучително префинети форми, и дизајни кои не излегуваат од мода.