За да ја зголемите влагоотпорноста на медијапанот Ви препорачуваме кантирање со PUR.

PUR  кантирањето е влагоотпорно и невидливо. Полиуретанскиот лепак го затвара отворот помеѓу траката и предната површина, заради тоа спојот е толку добар што при допир со вода или висока влажност спојот не набабрува и затоа се адекватни за бањи, кујни и комерцијални простории со поголеми оптеретувања. Со тоа се гарантира цврст,невидлив спој отпорен на топлина и влага.