Еколошки детергенти за нега и чистење на гранитни и иноксни површини, батерии и аспиратори.

Еколошки детергенти кои Ви овозможуваат најдлабинско чистење на гранитните и иноксните површини, батериите и аспираторите. Бигорот и нечистотијата лесно ќе се отстранат со нивна помош и ќе спречат понатаможно таложење на истите. Во понудата на Новомак достапни се средства за нега на гранитни површини, иноксни површини и батерии.

Средство за нега на гранитни садопери – Franke

Упатства за употреба на средство за гранитни садопери: Испрскајте го садоперот, почекајте неколку минути и избришете го со влажна крпа.

Ги отстранува бигорот и нечистотијата и обезбедува заштита на производот. Редовна употреба го гарантира посакуваниот ефект, обезбедува висока трајност.

graniten sadoper
graniten sadoper

Средство за нега на гранитни садопери – Teka

Teka Clean е еколошки детергент кој Ви овозможува најдлабинско чистење на гранитни садопери. Негова специјална намена е исклучиво за одржување на гранитните површини. Teka Clean ја чисти и одржува површина на гранитот, тој ги отстранува сите нечистотии и масти. Содржи чистач на маснотии и еколошка киселина без киселост. Тој е 94,5% биоразградлив и неутрален.

Средство за нега на иноксни садопери – Franke

Упатство за употреба на средство за иноксни садопери: Нанесете мала количина од средството на влажна крпа од микрофибер и со кружни движења поминете го садоперот, почекајте неколку минути и со сува крпа избришете ја површината.

Ги отстранува бигорот и нечистотијата и обезбедува заштита на производот. Редовна употреба го гарантира посакуваниот ефект, обезбедува висока трајност.

baterija
sadoper

Средство за нега на иноксни површини – Teka

Благодарение на специјално дизајнираната, ултра-модерна формула се овозможува чистење на сите иноксни елементи. Освен што го враќа стариот сјај на елементите, по употреба на оваа паста лепењето на бигор и маснотии значително се намалува.

Средство за нега на батерии – Franke

Средство за секојдневна нега на кујнски батерии,со што се отстрануваат наслагите од бигор, калциум и целата нечистотија. Се препорачува за сите типови батерии (хром, мат бои…).

Упатства за употреба: Испрскајте ја батеријата, почекајте неколку минути и избришете ја со влажна крпа.

baterija
aspirator

Средство за нега на аспиратори – Franke

Благодарение на професионалната формула на Franke средството за чистење ефикасно ги елиминира масните наслаги и миризбите во кујната, обезбедува совршена чистота во и надвор од уредот.

Упатства за употреба: Испрскајте ги страните на аспираторот, заобиколете ја решетката за вентилација, почекајте неколку минути и избришете ја површината со влажна микрофибер крпа.